Реклама
Вирално

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД ТЕТОВО: Куче лелека на седми спрат, потоа некој го бутка од горе

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ го осудија овој грозоморен чин

Реклама

Видео со вознемирувачка содржина се споделува по социјалните мрежи на кое се гледа како куче кое цивка од седми кат потоа паѓа долу на асфалтот.

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ го осудија овој грозоморен чин:

„Безумие и суровост која не знае за граница – во Тетово, бездомно куче фрлено од седми кат од зграда. Среде бел ден, на очи на граѓани, комшии и минувачи кои масовно ни пријавуваат и се во шок; во зграда во изградба во која залутало несреќно бездомно куче, инвеститорот со помош на пожарникари , со стап и покрај сетто плачење на бездомното животно, го присилиле да рипне од 7 кат, зошто немало како и каде да избега. Видете го кучето, слушнете го плачењето негово на ова видео – умира во страотни маки по 20 минути агонија на крвавиот асфалт. Локацијата е карши пицерија Јани во Тетово“, објавија од здружението.

Маркетинг

Граѓани кои вртеле и пријавувале во полиција, на бројот 112, се потсмевани и им е спуштена слушалка, тврдат од „Анима мунди“.

Погледнете го тажното видео тука.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button