LIFESTYLEВирално

Вознемирувачка фотографија: Кучиња влечат санка по стопениот Гренланд

Advertisement

Данскиот метеорологот Стефен Олсен бил на рутинска мисија на северо-запад од Гренланд, во склоп на која требало да собере метеоролошки инструменти кои ги поставиле неговите колеги, а тој наишол на голем проблем, пишуваат од Си-ен-ен.

Тој ја снимил оваа фотографија на која се гледа како кучињата ја влечат санката и стојат до глуждовите во длабоката вода стана.

Advertisement

Олсен на Твитер предупредил дека автохтоните заедници на Гренланд “се ослонуваат на замрзнатото море за превоз, лов и риболов“. Тој оваа алармантна фотографија ја направил на 13-ти јуни околу пладне по локално време. Олсен напишал на Твитер дека кучињата во тој момент се наоѓале на 1.2 метри дебел морски мраз кои го преплавиле стопените површински води.

Летната сезона на топењето на мразот на Гренланд обично трае од јуни до август, со тоа што најмногу од замрзнатиот покров привремено исчезнува во јули, кога е најтопло. Но, оваа година Гренланд веќе на почетокот на јуни изгубил масивен дел од својата замрзната површина, околу 40 отсто.

Научниците веќе со месеци предупредуваат дека оваа година може да дојде до масовно топење на мраз на најголемиот остров на светот, а првите резултати укажуваат на тоа дека се во право.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button