Реклама
Наши ѕвезди

Водителките Дракче и баба Рада соопштија убава вест – на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР му подарија посебен подарок!

Реклама

Познатата ТВ водителка која важи за една од најпозитивните во земјава направи уште едно добро дело.

Драгица Стевковска – Дракче познатиот телевизиски лик од емисијата „Патот на светлината“ е личност која зад екраните водела тешка битка.

Маркетинг

Иако на прв поглед делува позитивна и секогаш е насмеана, таа се бореше со рак на матката, кој ги зафатил и дебелото црево и бешиката.

Сепак Дракче никогаш не се затвори во себе и отворено зборуваше за битката со тешката болест, но никогаш не заборава да спомене дека Бог е оној кој и помогнал д помине низ се.

Маркетинг
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Таа често го посетува манастирот Бигорски, па неодамна заедно со баба Рада решија да направат нешто што Дракче го планирала веќе три години.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

-На овој убав ден ви соопштувам УБАВА ВЕСТ. Пред да започне пандемијата добив идеја да подариме дрво ГИНКО во манастирот СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ. Мојата идеја од срце ја прифати Томе Стојанов Гинко како што го нарекуваме ние и се отповика со љубов да се испрати и засади дрвото на вечноста во дворот на манастирот.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

И токму на овој ден Св. Никола ден кога е и славата на мајка.а позната како Баба Рада Томче спакува 3 дрвца во чест на Светото Тројство и се на пат за манастирот.

Желбата ми се исполни. Бог да му дарува здравје и среќа на Томче а дрвцињата нека растат и нека сведочат дека сè уште постои ЧОВЕЧНОСТА.

ЗА РАДОСТ НА СИТЕ УДРЕТЕ КАМБАНИ ДЕНЕС ЗА СПАСЕНИЕ И ЗДРАВЈЕ НА СИТЕ … – напиша Дракче на Фејсбук за Свети Никола.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Инаку дрвото Гинко е познато по своите лековити својства од семчето, листовите па и стеблото.

Сè се користи за лек. Најмногу за смирение за нервниот систем и потхрана за мозокот.

Гинкото е најистражуваното растение во светот: до 2014 година биле објавени дури 3.111 научни труда посветени на него. Големиот интерес за гинкото произлегува оттаму што му се припишуваат одредени лековити својства, како:

– ја подобрува циркулацијата на крв во ткивата, ги шири крвните садови и ја намалува вискозноста на крвта,

-ги штити клетките од недостаток на кислород и ја зголемува енергијата во ткивата,

-го подобрува тонусот на венските крвни садови и намалува пропустливоста на капиларите,

-делува како аниоксидант.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Исто така, Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација препорачуваат употреба на гинко во третманот на вртоглавица од периферно потекло поради неговото вазодилататорно, метаболно, антиоксидантно и невропротективно дејство. Во тој поглед, истражувањата спореведени во неколку земји покажале дека гинкото има позитивно дејство во акутната фаза на вртоглавицата, во хроничната фаза и во периодот меѓу акутните напади на вртоглавица.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button