Водителката од Сител си поигра со Инстаграм апликација, па ги изненади сите- изгледа целосно непрепознатливо
Убавата водителка од Сител телевизија се заигра со инстаграм апликацијата и фотошоп.
Шармантна и секогаш насмеана, убавата водителка која ја гледаме на утринските емисии на Сител си поигра со Инстаграм апликацијата и покажа како би изгледала доколку би потекнувала од друга земја.
Испроба неколку земји меѓу кои, Тајланд, Русија, Казахстан, Непал, Турција, Египет и Велика Британија и доколку Елена би потекнувала од која било од овие земји сепак би изгледала совршено.
-Се заиграв со апликацијава. Како би изгледале доколку сте од друга националност/. Сега ми оди да се исфарбам русокоса, ама и како жителката од Тајланд не сум лоша“ напиша Елена а со сигурност може да се каже дека не греши.
Таа би била совршена без разлика од која земја или националност би била.
Инаку таа е една е од ретките кои го негуваат македонскиот литературен јазик, односно се труди секогаш да говори литературно.
Освен што неуморно работи, таа е активна и на социјалните мрежи, па често споделува со своите фанови како изгледа нејзиниот работен ден, но знае да сподели и моменти од нејзиниот приватен живот.
Водителката вели дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.
Елена е во брак со Огнен стапија во брак во 2010 година, плод на нивната љубов е ќерката Илина, која е нивни најголем мотив и причина за постигнување поголеми успеси.