Водителката од „Брза кујна“ ја покажа ќеркичката, немате видено ништо послатко – малата Сара наскоро полни шест месеци!
Убавата и шармантна водителка која ја гледавме во кулинарското шоу „Брза кујна“ ја покажа својата ќеркичка.
Александра Илиевска иако важи за личност која ретко објавува фотографии од приватниот живот, но таа овој пат направи исклучок и реши да ја покаже ќеркичката Сара со која за првпат заминаа заедно на летен одмор.
Илиевска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од плажа на која позира со сопругот и неколку месечната ќерка, а во описот напиша:
„Нашиот прв заеднички одмор, апсолутно прекрасно“, напиша водителката.
Сепак водителката одлучи да не го покаже лицето на малата Сара, но сепак покажа колку таа пораснала.
Мама и тато насмеани, а Сара ужива покрај нив.
Нема сомнеж дека овој одмор ќе биде запаметен за Александра и нејзиниот сопруг Александар бидејќи ова е прв нејзин одмор со малечката Сара.
Повеќе од јасно е дека животот добива поинаква смисла кога ќе пристигне дете, па така водителката зрачи откако стна мајка.
Во јануари оваа година водителката се оствари во улога на мајка и на свет ја донесе својата прва ќерка Сара, а за рекордно време успеа да си ја врати фигурата и да изгледа подобро од било кога.
Линијата ѝ е доведена до совршенство и нема проблеми со килограмите.
Тајната за нејзината витка фигура си ја знае само Александра, но судејќи по насмевката очигледно е дека ужива во улогата на мајка.
Досега сè уште во јавност нема објавено фотографија со лицето од својата ќерка, но понекогаш споделува семејни фотографии на кои се гледа дека и таа и нејзиниот сопруг зрачат од среќа.
ФОТО: Александра Илиевска./ Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска./ Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска./ Инстаграм