Водителката од „Брза кујна“ без трошка шминка и во романтично издание со својот сакан- еве како уживаа
Шармантната и симпатична Сања Савеска заедно со готвачите Марк и Никола го освои срцето на публиката на кулинарското шоу „Брза кујна“.
Уште од првиот момент кога се појави во шоуто таа едноставно зрачеше со позитивна енергија, а секој ден таа во различен стајлинг е скоцкана „од глава до петици“.
Сања дојде по заминувањето на Александра Илиевска, но таа е познат телевизиски лик од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24.
Навикнати сме да ја гледаме со шминка и под рефлекторите на студиото, но овојпат таа на Инстаграм сподели неколку фотографии каде е во едно поинакво издание.
Таа заедно со својот сакан е на одмор на Пелопонез, па објави неколку интересни фотографии со магично зајдисонце зад неа и напиша:
„Круна на прекрасниот Нафлион е тврдината Паламиди, која се издига 216 метри надморска височина и до неа водат 999 карпи.
Многу историја на едно место.
Денес е можеби најромантичната тврдина, од чија гледна точка застанува. Место што едноставно сакате повторно да го посетите“ напиша Сања.
Сања во бел летен фустан и без трошка шминка изгледаше божествено покрај својот сакан Томи.
Сања неодамна славеше и роденден па позираше со торта во рацете, но наместо бројки имаше свеќички со букви, но сепак без никаков комплекс откри колку години полни.
„Годините не значат ништо, тие се само бројка! Важен е мирот, среќата и радоста кои ги носиме во срцата и пријателите со кои ги споделуваме. Но најважно е без оглед на се, низ годините да чекориме храбро и со насмевка. Бидете ми сите живи и здрави и едно огромно благодарам за искрените и убави честитки“ напиша Сања во објавата.
Гледајќи ги нејзините фотографии не може, а да не се согласиме со неа.