Реклама
Наши ѕвезди

Водителката Милена БЕСНА испрати ВАЖНА ПОРАКА: „Преку глава ми е, не сакам да ме сожалувате“

Реклама

Со нејзиниот глас и лик ни започнува скоро секое утро, а сега таа проговори за битката која ја води, па испрати порака до сите кои пишуваат шпекулации за неа.

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Македонската водителка Милена Атовска е една од најубавите и најпопуларните водителки во земјава. Таа е една од ретките која максимално веме посветува на својот изглед, па со сојата витка манекенска линија никого не остава рамнодушен.

Освен што е посветена на сојата кариера, Милена е доста активна и на социјалните мрежи, каде се труди да оствари контакт и со своите фанови.

Маркетинг
ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Освен успешна водителка, таа е и одлична сопруга, но и грижлива мајка. Во брачните води со својот сопруг Гордан плови 4 години.

Се запознале во кафеана, веднаш почнале да комуницираат, а комуникацијата им продолжила на социјалните мрежи. Набрзо после тоа започнале љубовна врска.

Маркетинг
ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Недолго после тоа одлучија да стапат во брак, па направија голема свадба. Пo венчaвкaтa вo Бигoрскиoт мaнaстир направија веселба за пријетелите.

На нивната свадбена церемонија присуствуваа многу познати личности.

На фотографиите кои тогаш кружеа на социјалните мрежи можевме да видиме дека вoдителкa Милена Антовска изгледаше прекрасно во невестинскиот фустан.

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Дел од фотографиите ги споделија нејзините колеги, додека Милена на нејзиниот профил на Инстаграм сподели фотографија од бидермаерот.

Целосен пресврт и убавина на нивниот живот донесе нивната ќерка Лана Марија.

Водителката во едно свое интервју изјави дека за името Лана се одлучиле веднаш кога дознале дека ќе имаат ќеркичка. Но, откако ќеркичката се родила на големиот христијански празник Голема Богородица, Милена и Гордан одлучиле да го додадат и името Марија.

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

„Секојдневно му велам благодарам на Бога што ми ја даде оваа шанса, оваа можност, да станам мајка на мојата Лана Марија. Ништо не ме направила посреќна од тоа“ вели Милена во интервјуто за Гламур.

Често на социјалните мрежи посветува емотивни пораки посветени за неа.

„Ти си дел од мојата душа, моето срце и моето тело. Ти си се’ што можев да посакам и замислам кога станав мајка. Ти си мојата љубов што ја уживам секој ден. Сакам да бидеш сакана и да се чувствуваш слободна, да бидеш се’ што ќе посакаш, а јас ќе бидам твојот столб, твоја поддршка и ќе ти го чувам грбот засекогаш…
Мојата Лана Марија“, напиша водителката во опис на фотографијата на која лежи до својата ќеркичка.

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Милена во текот на целиот период од почетокот на пандемијата, па се до сега, апелира јавно на почитување на мерките донесени од Владата и испраќа остри пораки до оние кои ги кршат правилата.

„Да ги поздравам сие кои ми упатија„смешни“ коментари за визирот кој го носам додека снимам и разговарам со 10 луѓе дневно. Да, визир се вика, а не шлем. Прво и основно, го носам затоа што морам, а не затоа што сакам. Второ и исто така важно, го носам затоам што тоа е препорака од надлежните и моите претпоставени. Трето, ќе нисам и скафандер ако треба за да се заштитам. Четврто и најсмешно е дека добив прашање дали го носам за пари, односно дали го рекламирам визирот? Замислете!, пишува Милена на својот профилот на Инстаграм.

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Иако многу ретко зборува за својата приватност, таа одлучи да проговори за битката која ја води, со цел да им помогне на оние кои се во иста ситуација како неа и да ги мотивира.

Искачувајќи го Водно се снимаше и на неколку кратки приказни на Инстаграм откри дека не се чувствува баш најдобро поради анксиозноста која ја чувствува.

Таа шетајќи на планината ги запраша сите они кои ја гледаат нејзината објава што прават за да си ги разбистрат мислите?

Нејзината техника е опуштање во природа и слушање на добра музика.

„Покрај сè што ни се случува мора да најдеме малку време за себе за да не се изгубиме. Потиснував во себе подолго време мислејќи дека тоа што ми се случува е резултат на замор, на лош ден. По првиот паничен, оној во Солун, и моментот подоцна кога сфатив дека е време за психолог и дека имам проблем со анксиозност, сепак среќата е на моја страна оти имам огромна поддршка од моето семејство. Пред сè, и од мојот сопруг и не знам што би правела без нив. Тука се и неколку мои другарки, кои во кое и да било време и да им се јавам се спремни за разговор“, раскажува Антовска за Репортер.

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Но, и покрај искреноста а водителката имаше и такви кои погрешно ја разбраа и анскиозноста ја помешаа со депреија, што е сосема различна работа.

Водителката одлучи да се огласи јавно и да им даде до знаење на оние кои шират шпекулации да престанат со тоа.
-Никогаш и никаде не сум кажала и изјавила дека сум во депресија. И тоа што јавно проговорив за анксиозност го направив затоа што ми е преку глава од „табу“ теми…и за да помогнам некому ако можам, а не за да ме сожалува некој. Ве молам одсега па натаму не правете „копи-пасте“,не си додавајте зборови. Прашајте ме. Тие што ме познаваат знаат дека сум коректна личност, реагираше Милена.

Милена на Инстаграм често објавува свои фотографии, најчесто од работното место, но и од своето семејство.
Таа е пример дека не е потребна прескапа гардероба за да се добие светски изглед. Потребна е умешност и стил, со кој човекот едноставно се раѓа.

Позната е како жена која го сака женствениот, елегантен стил.
Погледнете уште неколку модни изданија на оваа прекрасна млада дама од која дефинитивно можеме многу да научиме.

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

 

ФОТО: Милена Антовска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button