Водата мирува, но не и Ирена Спасовска: Пејачката ужива за сите пари на ЛУКСУЗНИОТ хотел, но не открива кој и прави друштво
Фолк-пејачката Ирена Спасовска деновиве е на одмор во Египет.
Фолкерката ужива во сонце, плажа и коктели, но и прекрасен хотел со базен кој го покажа уште утринава и посака добро утро на сите од рајското место.
Имено летово таа максимално го искористи за да ужива покрај вода
Ирена позираше и со впечатливи очила за сонце и со коктел во рацете, а повеќе од очигледно е дека ужива.
Иако не покажа кој и прави друштво во Хургада, судејќи според двете чаши со коктели кои ги фотографираше Ирена не е сама.
Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.
Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објава.
Пејачката изгледа подобро од било кога, а тоа не е случајно. Имено, таа ги засука ракавите и се фрли на вежбање, па мора да се признае дека тоа раѓа со плод.
Таа на социјалните мрежи во последно време се почесто објавува фотографии од своите напорни тренинзи во теретана, од кои можеме да заклучиме колку сериозно е решена да ја доведе својата линија до совршенство.
За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.
Секое утро, таа пие свеж лимон со пола литар топла вода, и тоа многу ѝ помага во топење на мастите.
Нејзините фанови се воодушевени од нејзиниот изглед, па и порачуваат дека изгледа убаво и да не се откажува.
Таа често е средена од глава до пети и изгледа совршено, но нема проблем да позира и без шминка.
За разлика од некои дами Ирена неодамна објави фотографии и кратко видео на кое нема ни грам шминка, покажувајќи како изгледа во природно издание.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спасовска