Наши ѕвезди

Внукот на Војо Стојановски се потсети на него и напиша ЕМОТИВНА ПОРАКА: „Вујче сигурно ќе пиевме нескафе “студено”“

Advertisement

Легендарниот македонски фолк пејач доколку беше жив на 2. февруари ќе го славеше 72-от роденден.

Advertisement

Војо Стојановски, пooчинa на 6. мај 2014 година на 65-годишна возраст од paк на панкреас.

Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. По неговата cмрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“.

Advertisement

Војо Стојаноски беше во брак со новинарката Евица Камберова – Стојаноска, со која го имаат синот Дамјан.

По повод неговиот роденден на социјалните мрежи се огласи пејачот Влатко Миладиновски, инаку внук на Војо, кој објави видео од нивен заеднички настап, во чиј опис напиша емотивна порака за својот вујко.

ФОТО: Принтскрин

„На овој ден му беше роденден на мојот вујко Војо Стојаноски. Сигурно ќе пиевме нескафе “студено”. Вечна му слава”, напиша Влатко на Фејсбук.

ФОТО: Принтскрин

Влатко објави едно старо видео, каде заедно со неговиот вујко ја пеат песната „Кажи ми вујче”.

Браќата Влатко и Златко Миладиновски, заедно со нивниот братучед, Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.

ФОТО: Влатко Миладиноски/Фејсбук

Сиднеј, Камбера, Перт, се само дел од градовите каде се одржуваат концерти, за кои не само организаторите, туку и публиката по социјалните мрежи коментира дека се едни од најпосетените изминативе неколку години, од било кој друг македонски пејач или група што настапува надвор од нашата земја.

ФОТО: Влатко Миладиноски/Фејсбук

„Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна, ги негуваат не само евергрините, туку и новокомпонираните песни“, изјави Влатко за Екран.мк.

ФОТО: Влатко Миладиноски/Фејсбук

„Ја паметам првата турнеја кога бевме јас, Златко и нашиот вујко на нашата прва турнеја, тоа беше нешто посебно, па сега се надеваме дека нешто слично ќе ни се случи. Сега сме со Златко и со Дамјан, па ние одиме со добра мисла, има убави реакции и очекувања од тоа патување па да сме живи и здрави“, изјави Влатко.

ФОТО: Влатко Миладиноски/Фејсбук

Поради многуте турнеи пејачите многу ретко се дома, а Влатко откри каде најубаво се чувствува.

„Јас често патувам и навистина уживам во секое патување. Секогаш имам простор за релаксирана прошетка таму каде што настапувам. Некако Цирих би го издвоил кој често го посетувам и за кој ме врзуваат убави спомени. Тој изобилува со многу места за прошетка, реки и прекрасно езеро. Нивното езеро ме потсетува на нашите три бисера: Охрид, Дојран и Преспа. Но, да ви кажам имаат и многу убави чоколади и сирења, не за џабе Цирих е град на чоколадо.

Јас сум човек кој сака природа. Затоа и Ботаничката бавча би ја издвоил и еден ден сакам да ја одведам и сопругата за да ужива во тој рај за очите. Но, ниедно место не би го заменил со нашата мила Македонија и Кичево“„, вели Влатко за Вечер.пресс“.

ФОТО: Влатко Миладиноски/Фејсбук

Доколку беше жив, пејачот Војо Стојановски сигурно ќе беше прегорд на својот син и внуците. Дамјан продолжи по стапките на својот татко и стана успешен пејач, во земјава, но и пошироко.

ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук

Дамјан студираше на Факултетот за музичка уметност , отсек-соло пеење. Вели дека воопшто немал дилема која професија да ја одбере бидејќи отсекогаш ја сакал музиката. Фолк-ѕвездите го знаат од дете, но сега го прифаќаат како нивен колега.

Тој ја продолжи мисијата на својот татко, па преку песните работи на афирмацијата на вистината за Македонија.

ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук

„Продолжувам во духот на македонската народна песна и ќе го негувам тој мелос. Знам дека татко ми би бил горд на мене и тоа ми е дополнителен мотив да се посветам со уште поголема страст на музиката’’- раскажа за Дамјан за Фокус.

ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук

За неговиот татко кој починал само 20 дена пред неговата матура, за „Женски Магазин“ зборуваше со доза носталгија за времето кое го поминувале заедно.

– Ми беше најдобар пријател, ментор и идол. Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележително, па планирам да ги оживеам – откри тој.

ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук

Дамјан вели дека Војо Стојановски бил одличен родител.

-Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Мислеше дека ќе може да даде уште многу во музиката и планираше солистички концерт. За жал, не успеа да ги реализира тие идеи – раскажа пејачот за „Женски магазин“.

ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук
ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук
ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук
ФОТО: Дамјан Стојановски/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button