Реклама
Наши ѕвезди

Е вака изгледа една македонска свадба на која пее Влатко Миладиноски – невестата игра, тапанот ечи (видео)

Да беше жив неговиот вујко сега ќе се гордееше со него

Реклама

Внукот на легендарниот македонски фолк-пејач Војо Стојаноски, Влатко Миладиноски, неодамна пееше на една македонска свадба каде со своите колеги музичари направија веселба што ќе се памети.

Пејачот објави видео на кое се гледа како пее македонска песна, а во рацете ги држи парите што гостите му ги дадоа како бакшиш.

И додека невестата и младоженецот играат качени на масата, Влатко пее и ги забавува гостите заедно со музичарите.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

На снимката може да се види како на еден од музичарите гостите му ставиле пари во кошулата, а има пари и на тапанот.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Не е тајна дека пејачите и музичарите од овие простори добиваат голем бакшиш кога настапуваат на свадбени и разни други веселби, па понекогаш и само со една песна можат да заработат поприлично голема сума на пари.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Тоа посебно се однесува кога настапуваат во дијаспората каде по секој свој настап се враќаат со огромни хонорари и бакшиши.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Инаку, Влатко е внук на легендарниот македонски фолк-пејач Војо Стојановски кој почина во 2014 година, на 65 годишна возраст.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Влатко во моментов важи за еден од најбараните пејачи како во Македонија, така и кај нашинците во дијаспората.

Тој често настапува заедно со својот брат Златко Миладиноски и синот на Војо, нивниот братучед Дамјан Стојаноски.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Влатко заедно со ни често настапува и во Австралија и важат за едни од омилените музичари кај нашинците што живеат во оваа прекуокеанска земја. Нивните концерти секогаш се едни од најпосетуваните од било кој друг македонски пејач или група што настапува надвор од нашата земја.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Негова најголема поддршка во животот му е сопругата која има целосно разбирање за ваквите негови ангажмани.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Влатко од овој брак има две ќерки, така што овие три грации се најважните жени во неговиот живот.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Влатко со пеење почна да се занимава релативно млад, а најголем ветер во грб му даваше неговиот вујко, Војо Стојаноски, со кого на почетокот од својата музичка кариера често настапуваше заедно.

Еден од нивните заеднички настапи погледнете на крајот од галеријата…

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Влатко Миладиноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button