Влатко за Силви: „Во мојата сопруга беа вљубени сите студенти, па и професорите“
![](/wp-content/uploads/2021/02/silvi-bend-15.png)
На нивната љубов секој завидува. Тие се еден од најскладните парови на македонската музичка сцена.
![](/wp-content/uploads/2021/02/silvi-bend-3-2.jpg)
Весна и Влатко Плевнеш од музичкото дуи „Силви бенд“ живеат бајка. Силви бенд опстојува на сцената повеќе од 30, а зад себе оставија ризница хитови, многу концерти, свирки и песни кои од прва стануваат најслушани.
Силви и Влатко Плевнеш, освен со својот талент, пленат и со добрина, скромност и љубов која ја пренесуваат преку музиката.
![](/wp-content/uploads/2021/02/silvi-bend-6.jpg)
Силви бенд на македонската јавност за прв пат и се престави уште во почетокот на 90-тите години, кога особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па се’ до денес, зад себе имаат безброј настапи, хитови, музички видеоспотови.
„Бакнеж како музика, Ме полудуваш, Само мој, Ако ме љубиш, Не сакам крај… и секако најголемиот нивен хит испеан на „Макфест 91“, со кој и ја започнаа естрадната приказна „Ангели ме носат“(на музика од легендарниот Драган Вучиќ, и текст на Ѓоко Георгиев,водител на култната радио емисија „Три гонга“) се песните кои не враќаат во младоста и будат убави спомени кај секој од нас. Тие се и едни од првите бендови кои започнаа со музика во живо по кафулиња.
![](/wp-content/uploads/2021/02/silvi-bend-4.jpg)
Покрај песните и естрадните настапи, тие се познати и по своите изведби на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија.
Освен што одлично пловат во музичките води, тие се пример за сите парови. Нивната љубов трае со години, а во јавноста оставаат впечаток дека живеат бајка.
![](/wp-content/uploads/2021/02/silvi-bend-3-1.jpg)
Заедно се околу две децении, а она со што Влатко ја освоил Силви била неговата сталоженост и смиреност. „Мојот сопруг ме освои со музикалноста, со извонредната интерпретација и богатите хармониски решенија”, откри Силви во едно свое интервју.
Малкумина знаат дека пред да стапат во брак, Силви и Влатко биле две години во врска. Тоа како што велат биле нивните најубави години од животот.Уживале и во љубовта и во патувањата поврзани со работата.
![](/wp-content/uploads/2021/02/Silvi-Bend-1-3.jpg)
За „Репортер“ раскажаа дека се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа дошла на студии од Ниш, а тој бил втора година.
„Цело време беше околу мене, каде и да се свртам, ќе се појавеше од некаде“, изјави Силви, а Влатко ја надополни:„Ја бркав една година. Во неа беа заљубени сите студенти, па и професорите се вртеа по неа. Кога се појави на факултетот тоа беше „бомба“. Полесно ќе ми беше да го освојам Монт Еверест. Ќе ти даде некој повод мал, а потоа ќе ја снема. Не само што беше убава физички, туку и квалитетен човек, комплетна личност. Досега се нема таква друга личност појавено во мојот живот“, се шегува тој.
![](/wp-content/uploads/2021/02/silvi-bend-16.jpg)
Но, тие открија и дека не е секогаш така бајковито. Некогаш и тие имаат некакви кавги кои се тешко премостливи, но секогаш се трудат публиката да не го забележи тоа. Силви вели дека тоа секогаш ѝ паѓа тешко, но се трудат да бидат професионални. Лекот за се вели дека е музиката.
Силви откри дека на почетокот на нивниот брак имала проблем со родителите на Влатко, затоа што не сакале да прифатат дека таа е изборот на Влатко. Но, со текот на времето односите се подобриле и успеале да најдат заеднички јазик.
Круна на нивната голема љубов е нивната ќерка Деаделина. Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека Деа тргна по патот на своите родители. Силви и Влатко се нејзината најголема поддршка, а таа нивна најголема гордост.
Тие двајца со голем жар и љубов во очите секогаш зборуваат за нивната наследничка.
Заврши основномузичко, средно музичко на ударни инструменти и на крај во Македонија го добивме првиот аудио инжинер , кој дипломира на светскиот Универзитет о Амстердам ЕСАЕ Институт.
![](/wp-content/uploads/2021/02/Dea-Plevnesh-7.png)
Но, никогаш не се кити со името на нејзините родители и не сака да се прослави на нивни грб. Деа се труди својата кариера да ја изгради сосема сама.
Таа веќе бележи и заеднички проекти со своите родители. Особено учество во проектот „Коштана”, со перкусии, на разни ударни инструменти.
![](/wp-content/uploads/2021/02/Dea-Plevsneh-5.png)
Деа Плевнеш живееше во Холандија каде што дипломираше џез-тапани, а работи и како диџе, но сега е во Македонијај.
Пред неа сигурно сме голема кариера, а светот допрва ќе слушне за неа.
![](/wp-content/uploads/2021/02/Dea-Plevnshe-3.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/02/Dea-Plevnshe-7.png)
![](/wp-content/uploads/2021/02/Dea-Plevnesh-2.png)
![](/wp-content/uploads/2021/02/Dea-Plevnesh-1.png)