Рецепти

Вкусна, гурманска сарма за почетници – бабински рецепт кој МОРА да го пробате

Advertisement

Старински рецепт од нашите баби кој совршено оди со проја

Состојки

За овој рецепт потреби се: 700 г мелено месо (половина говедско, половина свинско), 150 г ориз, 100 г сува сланина, 400 г суви ребра, 25 листа кисел зелка, 1 главица кромид, сув зачин, лаворов лист, маст, сол, бибер, лут мелен пипер, благ црвен пипер, 4 чешниња бел лук

Advertisement

Подготовка

Малку испржете ја ситно исечената сува сланина на маст (или масло), па додадете исечен кромид и мелено месо. Пржите неколку минути па додадете зачин, сол, бибер, мелена пиперка, иситнет бел лук и ориз кој треба да биде добро исчистен и измиен, па сето добро го промешајте.

На лист од сарма ставете лажица, две од смесата па свиткајте ги рабовите и замотајте ги сармите. Редете ги исправено во лонец, а во средината наредете суви ребра.

Advertisement

Посолете со лута мелена пиперка, расфрлете лаворот лист, додадете по некое зрно бибер, покријте со листови зелка па посипете со вода и варете околу 2.5 часа на тивок оган. Повремено додавајте по малку вода.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button