И покрај големата разноликост на Инстаграм можеме да забележиме и неколку комбинации што постојано се повторуваат.
Ова лето не беше исклучок и на социјалните мрежи во главно ги гледавме овие три модни комбинации кои ни се наметнуваа како униформи, иако не станува збор за класични парчиња без кои не можеме во најтоплиот период од годината. Но затоа пак повеќето од овие модели (и формули) можеме да ги носиме и во периодот што следува, а за кои комбинации станува збор, проверете во продолжение.
https://www.instagram.com/p/Bk5ZRT7goAS/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Неутрална блуска или маица + бели фармерки + кожен ремен
Елегантна и едноставна комбинација која ги освои девојкте што го сакаат минималистичкиот стил и која се наметна како најпопуларно деловно издание за летниот период.
https://www.instagram.com/p/BlagWn3nG90/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Но ако на целото издание додадете и карирано сако, ќе можете да ја носите и во следниве неколку месеци.
https://www.instagram.com/p/Bmdlf2JgPMS/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Долг фустан + патики + мнооогу накит
Ова лето со романтичните долги фустани носевме робусни патики кои ќе бидат хит и во следниот период, а целото издание можеме да го заокружиме и со сако, паметно избрани модни додатоци и многу накит.
https://www.instagram.com/p/BmgbI3qnie3/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BmnKNqel1DE/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Миди леопард здолниште + бела маица + тренди тексас јакна
Ова леопард здолниште од брендот „Realisation Par“ на Инстаграм го гледавме речиси секојдневно па затоа и бројни познати „хај-стрит“ брендови понудија свои подеднакво интересни копии од овој модел.
Бидејќи станува збор за впечатлив дезен, најдобро изгледа во комбинација со обична бела маица и со уште еден моден класик – тексас јакна со што и оваа модна формула ќе ја направиме да биде идеална за крајот на летото.