Винсент Касел откри како ја преболи фаталната Моника Белучи
Францускиот актер Винсент Касел беше во брак со италијанската актерка Моник Белучи. По 13 години брак и две ќерки, парот се раздели.
Многумина се прашуваа како актерот успеа да ја преболи оваа фатална убавица, но се покажа дека тоа беше доста безболно за него. Винсан очекува бебе со својата сегашна жена, моделот Тина Кунаки, која е помлада од него 30 години.
https://www.instagram.com/p/Btf9v3EAS-f/
Касел има логичен став и поглед на животот.
“Порано страдав многу повеќе. Знаете за тоа, дека треба некогаш да патите за да направите нешто интересно”, рече актерот преку насмевка.
“Животот и онака е тежок, за да бараме уште страдања. Се обидувам да уживам во она што го правам, бидејќи ми се чини дека се запознавам самиот себе кога се забавувам”, рече актерот.
https://www.instagram.com/p/BpkiwR9AVse/?utm_source=ig_embed
“Моите соништа се многу едноставни: здравје, деца, најмалку десет и доволно пари за да бидат слободни, бидејќи на крајот се сведува се на слобода”, заклучи Винсент.