Реклама
Вирално

ВИДЕО Сам против сите: Самир од Медена земја за хоророт во карантин

Реклама

Кинематографот Самир Љума кој беше дел и од екипата на „Медена земја“, вечерва пристигна во Македонија со хуманитарниот лет од Меминген, Германија. Тој заедно со останатите патници кои пристигнале на скопскиот аеродром ќе бидат однесени во карантин каде ќе останат 14 денови.

Љума за „А1он“ вели дека 40 минути седи во автобусот организиран од Владата и не знае каде ќе ги носат. Тој посочи дека се согласил на самоизолација и за тоа бил известен уште пред да тргне од Меминген.

„Не знам каде ќе не носат, шоферот спомена дека има налог за во Охрид. Веќе 40 минути чекаме во автобусот. На аеродромот не ми беше направена епидемиолошка анкета, не бев прашан ништо“, вели Љума за „А1он“.

Маркетинг

Запрашан дали осетил симптоми на коронавирус, тој посочи дека пред седум дена во Германија направил тест за коронавирус, а резултатот бил негативен.

„Немам симптоми. 15 ден сум во самоизолација. Тестот во Германија беше негативен“, посочи Самир Љума.

Маркетинг

Патниците барале да излезат од автобусот за да пушат цигари, раскажува Љума, според кого, шоферот дозволил да се пуши во автобусот ако имаат шишенце со вода. Љума барал да излезе од автобусот, откако патници му се заканувале поради тоа што се побунил за дозволата да се пуши во автобусот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button