Реклама
Наши ѕвезди

Вечно млад: Времето како да запрело за македонскиот пејач – погледнете како изгледал во младоста

Реклама

За него како времето да запрело, за него буквално може да се каже дека е вечно млад.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Македонскиот фолк-пејач Благоја Грујовски потекнува од реномирано музичко семејство. Тој е син на познатиот композитор, продуцент и долгогодишен главен и одговорен уредник во МРТВ, Мите Грујовски. Можеби малкумина знаат, но и неговиот брат Ташко исто така е музичар. Музичкиот талент го наследиле од својот татко.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Благоја во досегашната кариера испеа многу хитови. Уште со првото свое појавување на македонската сцена стана омилен пејач на публиката. Денес е еден од најпопуларните и најбараните пејачи во Македонија. Ниту една пролава не поминува без неговите песни.

Маркетинг

Оcвен што е одличен во својата професија, тој олично и изгледа. За Благоја како времето да запрело. Нема разлика во негоиот изглед од почетокот на неговата кариера, па се досега. За тоа најверојатно најзаслужни се гените.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Заради неговиот физички изглед кој веќе со децении не се менува и изгледа како и на почетокот од својата кариера многумина го нарекуваат македонскиот Доријан Греј. А како што самиот изјави во интервју за Свет Австралија, тајната за неговиот изглед се крие во умереноста.

Маркетинг

Умереност, во секоја смисла. Во исхрана, физичка активност, во пороци, во забава и комуникација, во мислење и емоции, однесување, амбиции и очекувања“, изјави тој.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Со својот шарм и убавина отсекогаш умеел да ги привлече најубавите жени.
Она што на публиката ѝ е добро познато е ека беше во брак со некогашната Мис Македонија и презентерка Татјана Стојановка, со која го има и синот Матеј.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Тања и Благоја се разведени поеќе о една деценија, но и понатаму имаат добар, пријателски однос и се во комуникација. Она што најмногу ги врзува е нивниот син, кој порасна во прекрасно момче.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Сега ужива во љубовта со поубавата половина Ирена, со која исто така има син – Марко.

Таа ретко се појавува во јавност, па секоја нивна заедничка фотографија преставува изненадување за фановите.
Имено, малкумина знаат како изгледа сопругата на познатиот пејач која од него е помлада 20 години. Тој е среќно оженет со својата сопруга Ирена, со која го има синот Марко, но со неа ретко се појавува во јавност.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Таа му го освои срцето и во 2009 година застанаа на лудиот камен. Но, својата приватност скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет.

Тие претходно беа во врска две и пол години, а Ирена беше во шестиот месеци од бременоста на свадбата.

Што се однесува до тоа дали неговата сопруга е љубоморна што постојано е во друштво на убави девојки тој вели дека има убав соживот со своите колеги и колешки кои ги доживува како браќа и сестри, па неговата сопруга не е љубоморна и добро ја разбира професијата што ја работи.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Коронавирусот не го одмина ниту пејачот, кој јавно кажа дека едвај преживеал и се борел за живот.

„Пред десет дена заврши моето болничко лекување од корона вирус и се вратив дома. За искуството, што да ви кажам, мора да се разбие таа фама дека има правила, дека младите и здрави луѓе лесно го пребродуваат, а на удар се само старите и болните. Од сопствено искуство и од она што го видов на клиника, стереотипот не важи за вирусот“, откри пејачот за „Фокус“.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Пејачот откри дека сега се чувствув многу подобро, но дека ќе му треба време за да се врати на старо, затоа што болеста си го направила своето.

„Многу лекарства примив, бев хоспитализиран првин на одделение во Осми Септември, а потоа и на клиниката Аџибадем Систина, бидејќи мојата состојба беше крајно сериозна.

Целиот живот сум бил здрав како дрен, не верував дека вирусот може така да ме покоси… Од друга страна пак, мојата мајка која има 82 години, која е со хронично срцево заболување, помина со лесно. Поради годините, би рекол, таа едвај стоеше на нозе, јас одев да ја негувам пред да се инфицираме. Но, за среќа, нејзините симптоми беа лесни. Не знам дали е тоа бидејќи таа целиот живот беше здрава, дури и сега на овие години има добра крвна слика, кој би можел да каже? Поентата ми е дека мора да се разбие фамата, дека ако си млад, лесно ќе заздравиш. Нема тука правила“, кажа Грујовски.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Тој истакна дека во болницата имало хоспитализирано и помлади од него и апелираше до сите граѓаните максимално да се заштитат и да се чуваат себеси и своите семејства.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button