Реклама
Наши ѕвезди

Весна Бејби искрено за човeкот кој изврши полов напад врз нејзината ќерка: „Јас летнав, ќе го удавев“

Македонската актерка оворено и искрено зборуваше за ужасот низ кој поминала нејзината ќерка и целото семејство.

Реклама

Весна Бејби за првпат до детаљ ја опиша целата ситуација.

Весна Петрушевска или Весна Бејби досега има доживеано многу тешки моменти и од сите нив секогаш излегува посилна и како победник.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

Но, она што најмногу ја погоди и со што најмногу се борела е сексуалното злотавувае на нејзината ќерка.

Маркетинг

Како гостинка во поткастот на Лазаров таа откри многу детали и за војот приватен живот и за ужасот кој го доивеа нејзината ќерка Мина, а кој ја потресе цела јавност.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

Весна ги посвои своите деца Мина и Кирил уште додека беше во брак со бизнисменот Јанко Тренковски.

По нивниот развод и двајцата добиле старателство над децата.

Кога Мина имала само 11 години, додека биле кај својот татко, Мина доживеала голема траума.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

„Таа беше кај татко ѝ на викенд. Да не бидам сфатена погрешно, тоа можело да се случи каде било. Кога сака нешто да се случи – се случува.

Таа многу сакаше да вози велосипед и возела и час и половина ја снемало.

Просто мајндсетот на сите тие предатори е идентичен – стотина документарци сум гледала… Значи матрицата, патернот, теркот е ист.

Што велат? Ги намамуваат, ги влечат во еден ќош, ги злоупотребуваат.

Секако, нема толеранција и за најмал допир, ако некој полнолетен допре малолетно дете.

Овде се работеше само за допири, но било тоа во гаража, каде што тебе да те однесам, ќе се уплашиш. Ѝ рекол: ‘Утре јас ќе те барам’ и ѝ дал 500 денари за да молчи“, раскажа Весна.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

Откако Мина ѝ раскажала на Весна што сѐ се случило, веднаш отишле во полиција и започнала нивната борба за правда.

Весна детално ја раскажа и првата среба со предаторот во полициска станица:

„Јас летнав, мене ме држеа двајца полицајци. Јас летнав, јас ќе го удавев. Како да објаснам, во тие мигови немаш контрола, ти доаѓа да му го скинеш срцето, да му го извадиш гркланот“, опиша таа.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

Предаторот на нејзината ќерка кој веќе е починат, добил 12 години затворска казна.

Мина денес има 19 години, а зад себе една тешко извојувана битка.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button