Велешката морнарка славеше роденден, еве колку години наполни – ПОГЛЕДНЕТЕ го и изненадувањето што го доби од својата мајка!
Џебната венера доби интересна роденденска честитка.
Ноне Неделковска веќе некое време работи на брод, патува низ светот и често споделува каде се прошета.
Деновиве таа е во Шпанија каде го слави роденденот, па без никаков комплекс откри колку години полни.
„35 добро ми прилегаат“ напиша таа со што може да се сложиме.
Ноне изгледа подобро од било кога, а повеќе од очигледно е дека ужива во работата.
Нејзиниот младешки изглед и дух прават таа да изгледа многу помлада.
По повод роденденот честитките пристигнуваа од сите страни, а неколку од нив сподели и Ноне на Инстаграм.
Секако највпечатлива беше онаа од нејзината мајка Мимоза, која наместо торта, таа сподели фотографија од срциња од ајвар, сиренце и свеќички.
„Ајварче за твојот 35, среќен роденден мами“ напиша Мимоза.
За нив месец септември е посебен бидејќи и двете слават роденден овој месец.
Имено нејзината мајка пред две недели славеше роденден а Ноне и честиташе роденден па порача дека и недостига.
Преслатката Ноне постираше фотографија на која позира задно со својата мајка со која наздравуваат со чаша вино, а повеќе од очигледно е од кого Ноне ја наследила убавината.
Инаку Ноне ја започнала својата музичка кариера со настап на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.
Учествуваше во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место, а настапуваше и на многубројни фестивали, но сепак реши музичката кариера да ја стави во мирување и да замине на брод.