Наши ѕвезди

Васил искрено за најболната тема во животот: „Татко ми зaгинa во СOOБРАЌAJKA, немаше кој да го идeнтификyва телото!

Advertisement

Момчето кое пред 20 години ја испеа песничката „Марионка“ прозборе за својата интима.

Advertisement

Го знаеме ако Васил – „Марионка“, по детскиот евергрин кој го пред повеќе од 20 години го испеа на фестивалот „Златно славејче“, а сега во интервју за британскиот магазин „Attitude“ изјавил дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.

Васил кој е роден во Струмица е и претставник на Македонија на Евровизија  годинава, а магазинот наведува дека неизбежно е дека неговата сексуалност ќе стане една од најинтересните делови од приказната на 36-годишниот пејач како дел од неговиот евровизиски настап со песната „Here I Stand“.

Ова не е пррвпат тој да се појави на Евровизија. Во 2019 беше пратечки вокал на Тамара Тодевска.

Advertisement
ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Васил Гарванлиев откри дека на 16 години, преку писмо, ѝ го признал тоа на својата мајка. Од неа добил безусловна поддршка, за која вели дека му помогнала полесно да се справи со тоа што го чувствувал.

„Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека знаела долго пред да ѝ признаам, што за мене беше шок, некој да е толку отворен и свесен. Многу сум ѝ благодарен за тоа“, кажа Васил за „Репортер“.

ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Тој вели дека е време да сподели сè за себе и да биде тоа што е.

„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малт-ретирање“, изјавил Гарванлиев за „Attitude“

ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Тој во 2002 година со своите родители заминал во САД, но биле депортирани, а за тој период Васил вели дека за него тоа било траума.

„Во јуни во 2003 година, мене, мајка ми, татко ми брат ми не депортираа и имавме само четири дена да заминеме. Имав 10 години забрана од САД, ја загубив стипендијата во Њујорк, најдрагата од Буш за уметност-поради тоа што не бев Американец. Тогаш требаше да играм главна улога во мјузикл. Ми дозволија да останеме две недели да завршам средно училиште и да ја играм улогата. Тоа беше почетокот или првиот залак на лекциите од дедо Боже“, рече Гарванлиев за „Женски Магазин.

ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Но за него и неговото семејство тежок период допрва следувал.

„Следните години, загубив голем дел од фамилијата. Прво, семејството ми се распадна. Сите заминавме на различни страни. Јас во Милано, татко ми во Торонто, мајка ми се врати во Македонија, а брат ми во Бугарија.

Се немав видено со моите родители и со брат ми повеќе од една година. Татко ми потоа дојде во Милано, сакаше да продолжи да работи од Италија, тој имаше своја фирма, возеше камион. Се видовме само еден час, и потоа јас се преселив во Торонто, решен да ја градам музичката кариера од таму.

Една година потоа, татко ми заг-ина во сообра-ќајка, возејќи камион. Беше страшно, никој од нас немаше италијанска виза, мојата беше истечена, не можевме да го идентификуваме телото на татко ми. Тоа се случи на почетокот на август, а посмр-тните останки ги донесоа во Македонија дури на крајот на август.

Следната 2005 година, поч-ина и баба ми во Струмица, и таа наст-рада во сообра-ќајна несреќа. Брзо по неа, поч-ина и дедо ми. За една година, загубив многу драги личности“ раскажа за „Женски магазин“ нашиот познат пејач.

ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Неодамна пак токму поради евровизиската песна Васил беше мета на критики поради наводно појавување на бугарско знаме во спотот, но и поради тоа што имал бугарски пасош, по што Васил и се обрати на својата публика преку социјалните мрежи.

ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Тој појасни дека поседува бугарски пасош веќе 20 години, но дека со гордост ја претставува нашата земја на Евровизија.

ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Му посакуваме успех!

ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм
ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм
ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм
ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм
ФОТО: Васил Гарванлиев/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button