Бурното минато на ѕвездата на Југолсавија: Сопругата откри – “Оливер ме пpeтепa до непрепознатливост“ – а денес рокерот ужива со оваа русокоса!

Оливер Мандиќ e најпознатиот рок музичар во поранешна Југославија исто така тој беше и композитор и продуцент.
Но позади успехот кој го постигнуваше имаше и голем број на скандали во текот на карерата.
После долги години си ја отвори душата поранешната сопруга на овој познат рок музичар, таа открива страшни детали од приватниот живот.
Мирјана Мандиќ, поранешната сопруга на Оливер Мандиќ, отворено зборуваше за нивната врска.
– Со Оливер се запознавме во музичкото училиште. Оливер компонираше многу свои песни на моето пијано, затоа што завршив пијано и соло пеење, додека тој го напушти училиштето во трета година. Оливер е екстремен.
Кога се разведовме, тој влезе во лошо друштво, во криминално опкружување. Затоа досега не зборував многу за него. Дури и нашиот син Даријан ме советуваше да не го обвинувам, да не ме нат епа некаде – рече Мирјана и објасни како изгледал нејзиниот брак.
– Тој беше многу за вљубен во мене. На почетокот, сè беше совршено. Кога се преселивме во Минхен, забележав дека се однесува многу чудно, ми стана многу сомнителен. Големи пари што влегоа во куќата, лудило и популарност.
Оливер беше една личност на сцената, а сосема поинаква надвор од неа. Приватно беше приврзан сè додека лошото друштво не го уништи – рече Мирјана и додаде зошто се развеле.
– Затоа што го условив: или ќе родам друго дете, или ќе го оставам. Или ќе се тргне од сцената, од алкохол, од сè, или развод! Јас секогаш го следев на турнеи, сите нè познаваа. Оливер секогаш имал страв да се појави во јавноста без мене, тој беше несигурен поради многубројната публика.
Медиумите шпекулираа дека Мирјана била претепана од нејзиниот син Даријан, таа сега вели:
– Никогаш, но мојот поранешен сопруг ме теп аше. Јас секогаш се расправам со мојот син затоа што тој го брани својот татко.
Тој беше со него на Тара минатата година. Кога се врати, му реков да не го брани повеќе, бидејќи тој не се грижи за него, ниту за неговата полусестра.
Само поради тоа, јас и мојот син влеговме во конфликт, тој остана желен за својот татко, порасна без него. Оливер беше страшно љубоморен.
Првиот пат кога бегав од дома навечер беше кога тој ме држеше заклучена во бањата два часа. Некако успеав да излезам од таму, па ме турна по скалите.
Вториот пат беше ужасен. Бегав кај мајка ми и тој полуде. Потоа ја скрши вратата и ме претепа. Да не беше Пеџа д’Бој, Оливер тогаш ќе ме уб иеше. Потоа поднесов барање за развод. Никогаш не ми го прости разводот.
Мирјана тврди дека Оливер овие години не бил во контакт со неговите деца и внуци.
– Даријан минатата година отиде кај него за прв пат. Оливер е лош човек, тој не ги познава внуците воопшто, ги нема видено во животот. Нема помош за тој човек. Никогаш нема да му простам – изјавила поранешната сопруга на Оливер за Курир.рс.
Денес Оливер Мандиќ ужива во бракот со неговата втора сопруга Маја Козилица.
Тие заедно се веќе 17 години во брак, Маја не се појавува во јавноста, а рокерот во една прилика изјави дека ужива во хармоничен брак што тоа го потврди и Маја.
– На нас ни е супер, уживаме. Се почитуваме и тоа е најважно. Оливер е прекрасен сопруг, полн со разбирање и почитување. Посветени сме на нашата ќерка и тоа е најважно.