Бурниот живот на младата српска актерка која е пронајдена мртва – на јавноста и е позната по улогата во „Село гори, баба се чешла“
Ивана Млаџовиќ е пронајдена мртва, додека нејзиниот свршеник Милош К. во тешка состојба
Тие и двајцата беа пронајдени без свест во станот на еден нивен заеднички пријател
Ивана Млаџовиќ (30) беше епизодна актерка во серијата „Село гори, а баба се чешла“. Таа беше пронајдена мртва во станот на својот пријател, а во јавноста постана позната по натпреварот за Плејбој зајачица за 2011 година јога титулата и ја презема старлетата Сораја Вучелиќ.
Нејзиниот настап тогаш го одбележа еден мала непријатна ситуација која и падна фустанот и во преносот во живо ги покажа градите. Поради ова Ивана тогаш се препна и за малку ќе паднеше од сцената, а поради фустанот со туфни почнаа да ја викаат порно Мини Маус.
Како што пренесува српскиот портал Курир, семејството на Ивана се уште живее на Косовска Митровица, додека таа последните неколку години живеела во Крагуевац каде едно време држала салон за убавина.
Таа покај повеќегодишното занимање со ритмичка гимнастика работела и како фото-модел
Во поранешните изјави за медиумите има изјавено дека обожава да оди во шопинг, а навечер времето го минува танцувајќи на музика. Омилен филм и е Опиум, а хоби читање книги.
Сепак најмногу од се сакаше авантура и акција.