Брена направи „селфи“ во костим за капење и покажа како изгледа во потполно природно издание – ова долго време го чекавме

Лепа Брена ова лето одлучи да ја посети и Хрватска.
Таа на својот профил сподели неколку видеа и фотографии од кои можеме да ја видиме убавината во која ужива.
Брена со семејството секоја година најголем дел од летото го поминува во Опатија, но неретко ги посетува и другите места на хрватското крајбрежје. Но пред шест години на ова место и се случи и нecpeќа.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
„Тргнувајќи од Макарска каде требаше да одржи два распродадени концерти за вечерва и утре во дискотеката Петар Пан, Брена тешко се повреди. Повредите се тешки, скршени и се двете раце, а Брена е итно хоспитализирана и во тек е операција во специјалната болница во Ловрен. Апелирам на медиумите во овие тешки моменти за семејството Живојиновиќ и сите нејзини соработници покажат разбирање. Подоцна, во текот на денот, на јавноста ќе и се обрати и шефот на одделението за хирургија во болницата со повеќе информации. На овој начин ве известувам дека сите активности на Лепа Брена се откажани на неодредено време“, соопшти тогаш нејзиниот агент Ведран Струкар.
Познатата пејачка и оваа година реши да не ја прескокне Хрватска на своето патување со сопругот Бобан Живојиновиќ.
Тие во моментов се на Млет, а позираше на нивната јахта и забележа дел од својата морска авантура.
Нејзините фанови посебно беа воодушевени од фотографијата на која позира без грам шминка на лицето и изгледа феноменално.
Пред Хрватска, Брена заедно со Боба и семејството беше во Монако и Италија, а можеме да заклучиме дека ова лето помина совршено.
Погледнете уште неколку Инстаграм фотографии од ова нејзино волшебно патување…
https://www.instagram.com/p/CD57DrWFMr3/
https://www.instagram.com/p/CDt9EjnFlrA/
https://www.instagram.com/p/CDt4_D7FR08/
https://www.instagram.com/p/CDj5kRElod7/
https://www.instagram.com/p/CDdXU3GlU8-/
https://www.instagram.com/p/CDeuut2F6hL/
https://www.instagram.com/p/CDt7io7Fik4/