Реклама
Вирално

Бремена жена (21) сакаше да им избега на полицајците – тие ладнокрвно ја убија, МОМЕНТОТ снимен со камера

Фатрална акција на полицијата во САД во која загина 21-годишна бремена жена

Реклама

Полициска служба од Блендон Тауншип во американската држава Охајо објавија снимка од камерите кои се наоѓаат на полициските униформи и на кои се гледа како полицаецот пука и убава бремена жена.

Такија Јонг (21) беше во седмиот месец од бременоста кога го изгуби животот во пукотница на 24 август, изјави нејзиното семејство.

Полициските службеници на паркинг на маркетот Кругер му помагала не еден возач кој останал заклучен во автомобилот.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тогаш до полицајците дошол еден вработен во продавницата и им кажал дека една жена украла боци алкохол и избегала кон автомобилот.

Маркетинг

На снимката се гледа како Јонг одбива да го напушти возилото и покрај наредба од страна на полицијата.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Еден полицаец пота на 21 годишната жена и кажал дека е обвинета за кражба, но како што пренесува „АБЦ њуз“, таа негираше.

Полицаецот потоа започна да и тропа на стаклото, а Јонг го праша: „Ќе пукаш во мене?“ Полицаецот потоа го извади пиштолот и ја повика да излезе од автомобилот. Жената, наместо да го послуша, го придвижи автомобилот, туркајќи го полицаецот пред автомобилот, кој потоа испука еден куршум низ шофершајбната и ја погоди жената.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кога автомобилот застана, службениците го скршија стаклото од страна на шоферот, за да го отворат автомобилот и да и пружат медицинска помош на жената погодена од куршумот.

Потоа се јавија и повикаа Брза помош, изјави шефот на полицијата Џон Белтон, но жената почина во болницата, како и нејзиното бебе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button