Новости

Бремената Марија најпрво ги шокираше сите со својот ПРЕГОЛЕМ труднички стомак, па покажа како изгледа откако роди тројка! (видео)

Advertisement

Големо БРАВО за оваа мама!

Advertisement

Марија од Копенхаген неодамна стана вистинска сензација откако на социјалните мрежи покажа како и изгледа стомакот во кој носи тројка. Таа преку фотографии покажа колку е чудесно женското тело што може да создава, негува и раѓа повеќе нови животи истовремено.

Мило ми е што ги направивме овие фотографии, бидејќи овој колаж навистина го покажува огромното растење. Чудно е што завршив со толку големо стомаче и уште почудно е што е толку испакнато без да се спушти надолу!“ – напиша таа.

Advertisement

За кратко време 36-годишната Марија придоби илјадници следбеници на Instagram со документирањето на бременоста и растењето на нејзиниот стомак.Таа и откако се породи продолжи на својот профил да ги забележува промените на нејзиното тело, а стомакот дури и месец дена по породувањето не и се намали. Првата фотографија од стомакот ја снимаше само два дена откако се породи и се пожали на проблеми поради царскиот рез.

https://www.instagram.com/p/Bn63Iz0Cxtl/?utm_source=ig_embed

 

„Првите два дена одвај стоев поради големата болка од царскиот рез, но сестрите ми кажаа дека ќе биде уште полошо ако не се движам барем малку. Покрај тоа, цревата ми се превиткуваат како змија, пто исто така боли, а почна да ми тече и млеко па ме болат и градите“, се пожали таа.

Новата фотографија стигна една недела по породувањето.

„Матката се уште не ми е собрана бидејќи стомакот долго време беше растргнат, па потребно е подолго време за да се врати во природна состојба. Резот ме боли се уште и многу сум нестрплива да го вратам телото во старата состојба од пред бременоста“ напиша таа.

Последната фотографија (сликата горе) ја објави месец дена откако се породи и напиша дека е разочарана што стомакот се уште не се намалил.

„Се уште имам чуден и обесен стомак. Изненадена сум што досега не ми се намали. Позитивно е тоа што лузната од царскиот рез не ме боли повеќе и повторно се чувствувам како старата јас“, напиша таа под фотографијата.

Таа своите бројни следбеници и пријатели ги извести и дека бебето добро се развива и дека се пуштени од болницата.

https://www.instagram.com/p/BnJc_8LhVGd/?utm_source=ig_embed

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button