Бред Пит ја соблече маицата и ги остави без здив жените: „Не е фер вака да изгледаш на 55 години“
Филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“(Once Upon a Time in Hollywood започна да се емитува минатиот викенд, а една сцена особено измами воздишки кај понежниот пол.
Фото: Твитер
Филмот го следи животот на поранешниот актер Рик Далтон (Леонардо Ди Каприо) и неговото дуо Клиф Бут (Бред Пит) во време кога светот е потресен од шокантното убиство на Шерон Тејт (Маргот Роби) од страна на следбениците на Чарлс Менсон.
Додека критичарите го нарекоа филмот најдоброто дело на Тарантино од (Pulp Fiction, 1994) и доби шестминутни овации на премиерата во Кан , многу жени на социјалните медиуми сега го изразија својот ентузијазам, за сцената каде Бред Пит е на покривот кај Ди Каприо за да ја поправи антената, соблекувајќи ја маицата.
Оваа сцена ги остави жените без здив, а се вели дека актерот изгледа подобро отколку кога ја соблекол маицата во 1991 година за Телма и Луиз. Некои жени исто така велат дека не е фер што Бред Пит изгледа вака на 55 години, додека други штотуку признале дека уживале во сцената.