Ќе ви се стопи срцето од овие фотографии
И додека светските медиуми зборуваат за неговата нова врска со Лејди Гага, познатиот актер се обидува својата приватност максимално да ја сочува од очите на јавноста и да го прави она што најмногу го сака, а тоа е да биде татко.
Бредли и руската манекенка Ирина Шајк се договорија нивната наследничка Леа Де Сејн Шајк Купер подеднакво време да минува и со двајцата.
И откако помина неколку дена со мама, преслаткото девојче замина во прегратките на својот познат татко.
А како таа уживаше погледнете во продолжение…
Само да потсетиме, Бредли и Ирина откако ставија точка на својот брак, конечно се договорија и околу старателството над нивната ќерка.
Имено, најголем проблем беше тоа каде нивната наследничка ќе живее – Бредли живее во Лос Анџелес, а Ирина се преселила во Њујорк. Затоа и актерот реши да ги спакува куферите и да се пресели во Големото јаболко за да може повеќе време да поминува со својата ќерка.