Бојана се пресели кај него, веќе се зборува и за свадба – синот на Божиновска со убави вести, а ја спомна и бременоста

Мирко Шијан синот на Гоца Божиновска, веќе неколку месеци е во емотивна врска со Бојана Родиќ.

Бојана и е родена сестра на Богдана, снаата на Цеца која пред неколку дена се породи и го роди малиот Жељко.
Тие за српските медиуми откриваат како изгледа нивниот живот и кои се нивните планови за во иднина.
Бојана се пресели во неговиот семеен дом, а на прашањето дали планираат да се венчаат оваа година, како и на тоа дали неговата сакана е во блажена состојба, синот на Божиновска за српскиот портал „Блиц“ го изјави следново:
„Од каде знаете дека во тајност не сме и се ожениле? Е, вие ништо не знаете. Шегата на страна, еве да ја прашам Бојана, дали ќе се жениме оваа година или не? Го кажа истото што и јас, ние веќе сме оженети, но тоа никој не го знае. Не можеме тоа да го знаеме. Немаме никакви планови, нашите планови се менуваат толку брзо што сега можеме да станеме и да се венчаме“, изјави синот на пејачката за новинарите.
На прашањето дали Бојана е во блажена состојба, тој изјави дека не е, барем не сега за сега, а што се однесува до неговите претходни врски, кои беа со краток здив, Шијан откри дали и сега планира истото сценарио.

Не е најдолга, но ќе биде најдолга, вели тој и продолжи:
Кај неа пронајдов сé што ми треба, ги има сите квалитети. Ја освоив со убавина? Бојана со што те освоив, раскажува Шијан и додава дека Бојана не сака да дава интервјуа бидејќи нема доверба во новинарите.

Тој потоа во шега додаде дека ја освоил со тоа што прави убави јадења, а зборуваше и за тоа дали му е страв од корона.

„Не ми е страв, се плашам само од промаја. И Бојана не се плаши“, кратко прокоментира синот на Божиновски.
Имено, откако беше откриено дека Цеца и Вељко се позитивни на вирусот, многумина се тестираа.
Шијан и Бојана исто така беа на прославата, но очигледно дека сега за сега не се загрижени за своето здравје.
Кои се сестрите Родиќ?
Фаталните убавици Родиќ се главна тема во медиумите.

Сестрите Родиќ, Богдана, Бојана и Наташа, преку ноќ станаа една од најпопуларните тројки на овие простори.

Откако Богдана се омажи за Вељко сите се заинтересирани кои се и што прават тетките на малиот Жељко.
За разлика од Богдана, која својата интима ја чува зад заклучен профил на социјалните мрежи, Наташа и Бојана редовно објавуваат фотографии покажувајќи го својот возбудлив живот.

Деновиве во центарот на вниманието е Бојана Родиќ, која е во среќна врска со Мирко Шијан, синот на Гоца Божиновска.

Таа е згодна бринета која ја краси природна убавина што ја поседуваат сите сестри Родиќ и со која освои многу срца.

Таа секојдневно е со своето момче, а имаат поддршка и од нивните семејства, што ги потврди и Божиновска.
Најстарата сестра ужива да биде соло
За разлика од Богдана и Бојана кои се среќно вљубени, Наташа Родиќ во моментов е без момче.
Таа на свадбата на деценијата се појави со партнер, но очигледно дека сега тој е само минато, а на нејзиниот Инстаграм можеме да видиме како убавата тетка на малиот Жељко ужива во својата слобода.

Сестрите Родиќ станаа една од омилените теми во регионот откако Богдана го кажа своето судбоносно Да и се омажи со синот на Цеца. Нивната убавина и возбудливите фотографии на Инстаграм даваат уште поголема причина за медиумски интерес, а јавноста е заинтересирана да види кој е нивниот следен чекор и со што ќе го привлечат вниманието.






Извор: Блиц.рс, Хелоумагазин.рс, Гламур.мк