Богиња во Македонија – Елена Велевска во ова тесно здолниште изгледа како милион долари
Елена не изгледала никогаш подобро
Една од нашите најпознати фолк пејачки, Елена Велевска, во последно време е се почесто активна на социјалните мрежи. Та редовно објавува фотографии на кои позира во своите интересни модни изданија, а овој пат ги воодушеви своите фанови облечена во розово од глава до пети.
Елена публиката ја сака како поради песните, така и заради спонтаноста, искреноста, но и нејзиниот негуван изглед.
Убавата пејачка на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои позира во тесно розово здолниште и блуска „кроп топ“ со долги ракави со која во преден план го стави нејзиниот рамен стомак.
Тесното здолниште во нежна боја го истакна убавото тело на пејачката која целото издание го заокружи со високи потпетици во слична нијанса, децентна шминка и виткана коса која е хит оваа сезона.
Нејзините обожаватели се согласни дека Елена изгледа прекрасно во ова издание, па следуваа бројни комплименти и пофалби на сметка на нејзиниот изглед.
.
„Богиња во Македонија“, „Се’ поубава и поубава“ се само некои од коментарите што ги напишаа тие.