Реклама
Хороскоп

Блазе вас ако ги имате покрај себе – Овие жени се родени да бидат најдобрите сопруги

Реклама

Хороскопот има влијание врз нашите карактеристики и однесување, а тие пак во голема мера ни помагаат да се снајдеме во некоја ситуација или улога. Овие хороскопски знаци се најдобрите сопруги.

Вага

Жените родени во знакот Вага се одлични девојки и сопруги. Тие се социјални пеперутки кои ја ценат љубовта. Емоционално интелигентни се и знаат да комуницираат и да ги решат конфликтите. Имаат многу пријатели и никогаш не се однесуваат претерано љубоморно и посесивно кон мажот кој ќе го одберат. Затоа се и одлични сопруги.

Убава насмевка, елегантни дланки, долг врат, добра фигура и грациозни движења се едни од главните физички карактеристики кои ги опишуваат жените родени во овој хороскопски знак. Имаат изразена дарба за комуникација, рационални се и природно ги привлекуваат сите околу себе. Можат да бидат големи кокети, а како партнери и семејни членови се верни и одговорни. Умеат да ги сакаат другите со целото свое срце, но бараат да бидат сакани и ценети за возврат.

Маркетинг

Рак

Жената родена во овој знак е најгрижливата жена која ќе ја запознаете. Таа е чувствителна и ја цени љубовта, но и семејството. Се посветува на нејзиниот дом и семејство, обидувајќи се да донесе топлина и пријатно чувство за оние кои се дел од него. Таа највеќе од сѐ сака хармонија. Ќе подготвува вкусни оброци за своите сакани и ќе им дава љубов постојано. Ако барате нешто сериозно и долготрајно, ова е најдобрата жена за тоа.

Шкорпија

Шкорпијата е совршена личност за комплименти. Таа си одговара со оние мажи кои се опуштени и нежни. Шкорпијата е страствена жена која се грижи понекогаш дури и премногу за оние кои ги сака. Би убила за нив. Знае да ги изрази своите чувства и мисли и многу умешно се справува во љубовта и бракот.

Маркетинг

 

Девица

Иако жената родена во овој знак делува дека е студена, сепак таа знае многу да сака. Девицата не е себична и таа знае да дава љубов, но само доколку знае дека е ценета и сакана. Често и треба време за да се навикне на тоа и да прифати колку е сакана, но штом го сфати тоа, нејзината љубов е огромна.

По природа се многу храбри и полни со самодоверба. Подготвени се да истраат во својата цел и имаат извонредна меморија и интелигенција. Одлични перфекционисти и сакаат да го живеат својот живот токму онака како што мислат дека треба. Секогаш наоѓаат решение за сè и никогаш не се сомневаат во себе.

Како пријатели се одлични и се многу лојални, сакаат да сослушаат и да им помогнат на сите, а тоа се одликува со висок степен на толеранција. Најчесто добро се организираат и никогаш да не ги заборават своите обврски и важни датуми. Со сите овие доблести, тие се дефинитивно без исклучок, многу успешни жени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button