Реклама
Наши ѕвезди

Благица Павловска објави фотографии од својата мајка и напиша ЕМОТИВНА ПОРАКА: „Те сакам мајчице најмила“

Реклама

Таа е нашата кралица на фолк-музиката, а во земјава скоро и не постои човек кој не знае барем една нејзина песна.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Нема веселба, нема забава која може да помие без песните на нашата Благица Павловска. Таа е една од ретките пејачи во Македонија која со право може да каже дека доживеала голема популарност.

Нејзината музика ја слушаат и млади и стари, а таа не престанува да ниже хитови.

Маркетинг
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Популарноста ја стекна во 90-те години, а песните како „Не можам да те заборавам“, „Чукај, чукај срце“, „Цело Скопје“ се песни без кои не може да помине ниту една веселба во Македонија. Коронавирусот донесе нова реалност на која сите мораме да се навикнуваме.

Носење на заштитни маски, дезинфицирање на рацете по добирање на било што надвор, држење дистанца од минимум 1 метар од останатите се само дел од работите со кои се соочуваме секојдневно.

Маркетинг
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

На почетокот на пандемијата, при воведуваето на карантинот многумина од нас беа на некој начин и задоволни што можат да поминат повеќе време дома и да направат работи кои претходно не ги правеле, но после скоро 2 години ваков начин на живот ситуацијата станува аларманта.

Се чини најпогодени од кризата се музичарите и угостителите, на кои никако не им е дозволено да работат. Музичарите немаат настапи повеќе од една година, па нивните финансии се сѐ помали. Токму затоа протестираат и јавно се бунат против рестриктивните мерки на Владата.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Но, по се изгледа ваквата ситуација не ѐ пречи многу на Благица. Таа откри и како го поминала периодот во изолација.

-Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Откако се одмори, Благица го искористи летото за нов музички победи. Таа учествуваше на Летен фолк хит каде што отпеа дуетска песна со нејзиниот колега Влатко Алексовски, а потоа следеше нејзиното учество на Охрид Фест-Охридски Трубадури, како и Кумановскиот фестивал на шегобијна песна Тумба Фест.

Таа на своите фанови им соопшти дека е подготвена повторно „турбо“ да работи и да ги израдува со нови песни.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

-Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму. Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех. Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам. Веќе на Охридски Трубадури настапив со нова песна од нови автори, песна за која мислам дека ќе има голем прием кај слушателите и гледачите, но тоа лека полека, а верувам дека и оваа песна од “Тумба Фест” ќе биде привлечна оние кои што ја обожаваат Благица Павловска.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Дека пејачката воопшто не мирува доказ се фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи, на кои се гледа дека влегла во студио и работи на новите песни.

„Малку работно, малку на гости во Џевахир во домот на фамилија Миладиновски. Преубав поглед на скопската околина, претопол дочек на домаќините. Нека е среќно, вековито, бериќетно“, напиша Благица на Фејсук.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Пејачката од почетокот на кариерата и се досега го задржа својот ексцентричен начин на облекување. Таа е секогаш олечена во некоја интересна креација која публиката не ја остава рамнодушна. Благица дефинитивно знае што значи шоу бизнис и се труди сеогаш да биде поразлична.

Сепак, на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии во лежерно издание, уживајќи во секојдневните прошетки.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Таа по повод убавиот христијански празник прочка сподели фотографии во спортско издание во чиј опис напиша порака со која побара прошка за своите грешки.
„Простете ми драги мои ако нешто сум ви погрешила. Нека Господ Бог и сите Светии ми ги простат сите гревови знајни и незнајни…намерни и ненамерни. Амин“, напиша Благица на Фејсбук.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Деновиве таа сподели и фотографии од нејзината мајка. Ова се први фотографии кои пејачката некогаш ги објавила од својата мајка, а во опис напиша трогателна порака:

„Мојата мајка Илинка. Незаборавна мајка за сите времиња незаборавна! Со сите свои доблести те сакам! Незаборавна родино на сѐ што си родила мајко наша севишна! На своите чеда од срце родени. Почивај во мир во царството небесно мајчице најмила!“, напиша пејачката.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button