Билјана Дебарлиева се огласи на Фејсбук, па честитки веднаш почнаа да пристигнуваат: „Шириме љубов“
Честитки притигнуваат од сите страни за македонската презентерка.

Дебарлиева се огласи на Фејсбук и им се заблагодари на сите.
Цели 3 децении Билјана е дел од телевизиската магија и е една од ретките кои кога ќе е појават на малите екрани, делуват смирувачки.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
Таа ја обожава својата професија и секогаш своите работни обврски ги извршува со љубов и задоволство.
Каква што е пред камерите, таква е и приватно и гледачите тоа го препознаваат.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
Честопати од луѓето добива комплимент дека нејзиниот глас ги смирува.
Она што нејзе ја смирува е нејзиното семејство, со кое обожава да го поминува секој слободен момент.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
Билјана Дебарлиева веќе 29 години е во хармоничен брак со саканиот Јован, а круна на љубовта им се двете деца, Ана и Мики.
Деновиве имаше убава причина за славење во нивниот дом.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
На 19 декември Билјана го прослави својот 53-ти роденден.
Водителката роденденот го пролави во еден од скопските ресторани, а за оваа пригода се одлучи за црно-бела, класична комбинација, во свој стил.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
„Ви благодарам на сите за убавите роденденски честитки. Да шириме љубов, насмевки и добрина насекаде околу нас“, напиша таа.