Бикини VS едноделни – две изданија на Лила за почеток на летото како од соништата
И додека ние уживаме во убавото време пред компјутерите (!), водителката Лила Филиповска ужива во пробување на своите нови костими за капење.

И ако судиме според нејзиниот Инстаграм профил изгледа како на Лила овие денови најголема грижа да и е кој костим за капење да го облече и да се испружи на некоја плажа. Па така еден ден позираше во неодоливо издание во едноделен бел модел кој е апсолутен хит оваа сезона.
Ваквиот модел е одличен избор за шармантната водителка која и во петтата деценија од животот многумина и завидуваат на линијата.

Само неколку дена подоцна, Филиповска позираше во дводелен модел во впечатлива жолта боја со кој во преден план го стави нејзиното тело.

Таа позирајќи успеа да привлече внимание на себе и на своето убаво, исончано тело, па повеќе од очигледно е дека модел и да го избере, едноставно не може да згреши, бидејќи сите и стојат подеднакво добро.
Што мислите вие?