Елведина Шехиќ објави фотографија на социјалните мрежи и сподели среќна вест дека наскоро ќе роди машко дете.
Но само неколку дена претходно и нејзината колешка Белма Каршиќ објави дека е во блажена состојба и организираше „baby shower” за своите пријателки.
Интересно е тоа што и Елведина и Белма се Гранд ѕвезди, а и двете очекуваат машко дете. И двете ова лето застанаа на лудиот камен, а сега и овие фотографии ги објавија речиси истовремено.
Да потсетиме, Елведина се омажи во јули оваа година со своето долгогодишно момче и го зема неговото презиме Спахиќ.
На нивната свадба беше и Белма Каршиќ која пак на лудиот камен застана неколку месеци претходно.
Елведина за бебето доби бројни поклони од своите пријателки, а таа го украси просторот симболично ви сона боја.
Инаку, Елведина се прослави со својот настап кога успеа да ја расплаче Лепа Брена која тогаш беше дел од жирито. Таа ја изведе песната од Ханка Палдум, „Мајко“, а емотивната реакција на Брена можете да ја погледнете во продолжение.