Беше МЕГА ПОПУЛАРНА на нашата естрада, но ги спакува куферите и замина од Македонија – еве каде живее и како изгледа сега

Никогаш не манипулирала со мажите
Поранешниот модел и телевизиско лице Хелена Роза своевремено важеше за една од најпопуларните дами на македонската јавна сцена.
Хелена беше една од најпознатите, а можеби и најконтроверзните водителки во нашата земја, а нејзините пpoвокативни едиторијали се уште се вртат и подигаат прашина во македонската јавност.
Таа важеше за една од најубавите и најзгодните македонски водителки, а нејзините емисии секогаш беа полн погодок. Но во еден момент одлучува да се повлече од јавната сцена и заедно со својот сопруг Игор, кој е поранешен фудбалер, заминува во Нов Зеланд. Со нив е и нејзината ќерка Кјара, а пред три години им се роди и синот Тиан.
https://www.instagram.com/p/BgcCOz-h-3i/
Убавата Хелена во меѓувреме се нема многу променето, а за нејзиниот приватен живот малку се знае.
Работи како бренд-амбасадор во фирма за брендинг и маркетинг „Брендспанкинг“, а во Нов Зеланд се запиша и на студии за дигитален маркетинг на новозеландскиот институт за едукација НЗИЕ.
Нејзината полнолетна ќерка Кјара работи во служба за корисници на весникот „New Zeland Herald“, студира право и интернационална политика на Оукланд Универзитетот, а малиот Тиан оди во градинка.
Никогаш не сум манипулирала со мажите
„Луѓето знаат да кажат дека кога ќе заминеш да живееш далеку од татковината, секаде ќе бидеш граѓанин од втор ред, бидејќи си дојденец. Не можам да го споделам тоа искуство и за мене во Нов Зеланд. Искрено се чувствувам повеќе своја и повеќе вреднувана околу сопствените способности и квалитети, додека во Македонија невозможно е да си раат.“
https://www.instagram.com/p/BL8AUH7DLxd/
„Всушност не знаеме ни што е вистинско чувство на раат“, изјави таа во нејзиното интервју за порталот на новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
https://www.instagram.com/p/BcMkakMn74z/
Како што самата вели во ова свое интервју, таа никогаш не си ја продала душата на ѓаволот, односни не „одработувала“ за политичките партии, и е една од ретките јавни личности која никогаш не го направила тоа. Хелена е среќна заради тоа, но воедно затоа и решила да ја напушти нашата земја.
Сфатив дека во Македонија не можеш да направиш пари ако не си политички поврзан и точка, изјави таа во интервјуто.
Таа се осврна и на скандалозните и неумесните наслови за неа од таблоидите и додаде дека никогаш не го користела својот изглед за да добие нешто.
https://www.instagram.com/p/BLAfXMTDBM2/
Прекрасно готвам и сум пожртвувана мајка, а тоа го знаат оние што се блиски со мене, открива Хелена за Јоци.
Во продолжение погледнете како шармантната Хелена изгледала некогаш, но и како изгледа сега…
https://www.instagram.com/p/BjjgLpPHRXI/
https://www.instagram.com/p/BjwCLB1H-OL/
https://www.instagram.com/p/B49d6t2BeAH/
https://www.instagram.com/p/CChXNDHHpqG/
Извор: Јоци.мк, Гламур