Беше и остана сон на секој маж: Благица Павловска за своите додворувачи – „Немам време за тоа“

Секогаш весела и насменана, подготвена за добра и весела атмосфера. Нејзините песни се без рок на траење, таа успева сите да ги развесели и расположи со своите песни кои ги знаат сите на памет, од најмлади до најстари.
Каде и да настапува таа прави неверојатно добра атмосфера.
Благица Павловска уште со првото нејзино појавување на сцената привлече огромно внимание кај публиката.
Таа беше една од ретките која имаше и глас и стас, а публиката од машкиот пол се топеше кога ја гледаше.

За тоа сведочат и фотографиите од минатото.
Таа на својот Фејсбук профил неодамна сподели фотографија на која позира со својот колега во Белрин во 90-години од минатиот век. Може да се каже слободно дека тој период беше златно време за пејачите на фолк музиката.

Поради пандемијата со вирусот Ковид 19, пејачите останаа без никакви ангажмани.
Пејачката, како што изјави во емисијата Магазин, лесно го поминала периодот на карантин, но секако дека веќе ѝ недостасуваат настапите и контактот со публиката.

„Од 8 март минатата година сум дома. Се препуштив на домашната атмосфера, реновирав, цело време бев со мајстори. Воедно имам друштво, 7-8 кученца за кои се грижам секојдневно и тие се тука да ми ја релаксираат атмосферата.
Кога патувам некаде често носам храна да не сретнам залутано куче. Кога ќе ги навикне човек тие влегуваат во крвта. Влијаат многу позитивно. Ако има негативности во просторот каде што живеете, убаво е да чуваш животинче.“
„Често пати кога ќе се изнервирам, кога тие ќе те погледнат забораваш на се.“, изјави Благица во емисијата.

Иако највеќе ѝ лежи традиционалната македонска песна, таа сепак е пејач кој експериментира со стилови и постојано вметнува свежина и новитети во својата музика.
Нејзините најнови песни може да се каже дека се модерен фолк.
Сепак, таа е пример за многу помлади генерации пејачи кои се на почетокот на својата кариера.
Нејзин совет е секако повеќе да се работи на гласовните способности, отколку на изгледот.

„Имам безвременски хитови, ама и јас сум безвременска. Мојот дух е во таква акција. Младите треба секогаш да знаат што сакаат. Повеќето сакаат да изгледаат посексипилно и ја пренасочуваат енергијата на својот изглед.“
„Пеењето е во втор план. Многу повеќе треба да се обрне внимание на емоцијата.
„За секој има место на ова небо за ѕвезди“, кажа пејачката.

Важи за пејачка секогаш средена од глава до пети. Нејзе ретко може да ја видиме во лошо издание.
Пејачката и на оваа нејзина возраст има многу обожаватели и додворувачи. Но како што самата вели, мажите денес повеќе храброст имаат да пријдат на социјалните мрежи.

„Сега Фејсбукот е тој на кој обожавателите се јавуваат. Но, јас немам време за тоа. Не сакам да се врзувам за телефонот, затоа што ќе го изгубам целосно времето. Некогаш ќе видам нешто што не ми се допаѓа и не сакам да го доживувам лошо.
Често пати си пуштам тоа што сакам да го пуштам. Не сакам на социјалните мрежи да се експонирам. Таков тип сум. Во моменти кога сум расположена објавувам по нешто“, кажа пејачката.



















