Реклама
Наши ѕвезди

Беше во брак со Тања Кочовска и имаат син – актерката скршена од болка по неговата прерана смрт (фото)

Тој беше еден од најдобрите актерки на македонската театарска и филмска сцена

Реклама

Веста за згаснувањето на животот на ненадминливиот Владимир Ендровски – Љац ги растажи сите откако ја соопштија од Македонскиот народен театар, каде беше и вработен.

Владимит почина Нна 60-годишна возраст, а зад себе остави улоги кои ќе се паметат и преку кои ќе продолжи да живее.

Љац за пошироката јавност беше најпрепознатлив од неговите ТВ ликови, на пример како Дино во серијата „Трст виа Скопје“, за која ја има добиено наградата на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук

На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни, меѓу другите: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989),Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).

Од бракот со актерката Тања Кочовска, Љац го има синот Алекандар, кој неверојатно многу личи на него.

Маркетинг

ФОТО: Фејсбук

Во едно свое интервју, Тања зборуваше за нивниот однос:

„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам. Тетките на мајка ми запнаа свадба. Која свадба, ние знаевме дека ќе се разведеме“, раскажуваше Тања своевремено.

Отсекогаш имала само пофални зборови за него, но по неговата смрт скршена од тага ја сподели веста за неговото заминување, а во опис стави само натажен емотикон.

ФОТО: Фејсбук

Принтскрин/ Фејсбук

Принтскрин/ Фејсбук

Принтскрин/ Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button