Холивуд

Бекам наскоро ќе ја оствари својата најголема желба во животот

Advertisement

Поранешната фудбалска ѕвезда и еден од најпосакуваните мажи на светот, Дејвид Бекам, конечно ќе има можност да ја реализира најголемата желба во неговиот живот.

Advertisement

Како што пишуваат британските медиуми, Бекам веќе подолго време планира да замине на едно големо и незаборавно патување. Имено, извор близок до семејството Бекам изјави дека долгорочната желба на Давид да патува во вселената може да се реализира брзо.

„Дејвид одамна зборува за ова патување. И покрај тоа што некогаш беше незамисливо, патот во вселената станува се поизвесен. Синовите на Бекам постојано зборуваат за тоа со него и навистина им се допаѓа идејата на нивниот татко”, вели извор близок до семејството за странските медиуми.

https://www.instagram.com/p/BrOJM4kn5GB/

Advertisement

Истиот извор додаде дека не постојат многу работи што Дејвид не ги остварил во животот, но сега е поприлично нервозен за патувањето на кое наскоро планира да тргне.

Тоа дека Давид отсекогаш бил заинтересиран за патување во вселената зборува и неговата скриена тетоважа над левото уво и е видлива само кога поранешниот фудбалер ќе ја избричи неговата глава. Многумина уште сега шпекулираат дека светските брендови ќе му понудат големи пари на Бекам, ако тој одлучи да оди на пат во вселената, бидејќи нешто слично никогаш не се случило досега.

https://www.instagram.com/p/BrwBbtShzga/

 

Неофицијално се дознава дека Бекам веќе некое време е во контакт со претставниците на „Вирџинија Атлантик” компанија која организира патување во вселената.

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button