Реклама
Наши ѕвезди

„Без тебе немаше да бидам тоа што сум сега“ – пејачка од Македонија со емотивна порака на Инстаграм

„Сите ја знаеме твојата добра душа и сакам да знаеш дека ја имаш нашата безусловна поддршка“

Реклама

Во последната емисија заради неа Ѓорѓе и Мили се скараа

По настапот на Андријана Петрушевска во „Ѕвездите на Гранд“, нејзиниот поранешен ментор, Ѓорѓе Давид, и сегашниот, Александар Милиќ Мили, сериозно се „поткачија“ заради неа.

Но по настапот пејачката се огласи за „Гранд“ и откри дека е задоволна од тоа како поминала на сцената.

Маркетинг

Андријана исто така зборуваше и за критиките што ги доби, па како што вели, ги прифаќа сите, но воедно и е мило и тоа што имаше повеќе позитивни отколку негативни критики.

Маркетинг

Таа потоа се наврати на нејзините настапи од пред две години кога ментор и беше Ѓорѓе Давид, а кога на сцената се појави како „жена мачка“. Овој настап го спомена и Ѓорѓе кога по нејзината последна изведба го критикуваше Мили дека тогаш била многу подобра на сцената. Но како што вели и Петрушовска, оваа сезона не прави ништо што не е во договор со нејзиниот ментор Мили и откри дека до крајот би можела повторно да има и такви настапи.

„Со Ѓорѓе имав прекрасна соработка, имавме доста проби и сé беше коректно од негова страна, беше одличен ментор“

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Се надевам дека и со Мили ќе имам толку добра соработка и дека ќе напредувам. Вежбаме и се договараме околу песните. Јас се надевам дека со Мили уште повеќе ќе напредувам, не можам сигурно ништо да кажам, но се надевам“, изјави Андријана за Гранд по нејзиниот настап.

Пејачката потоа се огласи и на нејзиниот Инстаграм профил, но овој пат му изрази поддршка на нејзиниот поранешен ментор кој доживеа тешка сообраќајна несреќа во која што настрада жена.

Принтскрин/ Инстаграм

Еве што му порача таа:

„Без тебе немаше да бидам тоа што сум сега. Сите ја знаеме твојата добра душа и сакам да знаеш дека ја имаш нашата безусловна поддршка“, му порача Петрушовска преку Инстаграм на Ѓорѓе Давид.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button