Атиџе ќе го исполни аманетот оставен од нејзината мајка – еве што прават медената хероина и Сузана
Ниту една нејзина објава не поминува незабележана.
Иако долги години е јавна личност во последно време откако ја запозна Атиџе се чини дека таа стана нејзина инспирација во животот.
Сузана Турунџиева е позната пејачка, водителка и писателка која со години е успешна во сите овие сфери.
Позната по својата позитивност и добрина Сузана откако ја запозна хероината на „Медена земја“ се „вљуби“ во нејзината скромност и добрина, па како што вели Сузе „Атиџе ме купи за цел живот“.
ќ
Уште откако се видоа првпат тие двете станаа пријателки, па речиси секој ден се заедно.
Снимија заедничка песна „Од Бекирлија до Битола“, а сега Сузе соопшти дека тие двете го исполнуваат аманетот на мајката на Атиџе.
Имено со помош на нивниот продуцент тие двете ќе остварат нов музички проект.
-Ние тројца, го исполнуваме аманетот на мајка Назифе (мајката на Атиџе) … Благодарение на огромниот труд и мајсторство на нашиот продуцент Роберто Кентаур, како и на неисцрпната инспирација која ми ја дава Атиџе секојдневно, ги избришавме границите на можното и неможното и го „трчаме“ последниот круг до промоцијата на нашиот прв заеднички музички проект, насловен „Пола тебе, пола мене“ … Бидејќи кога се сака, СЕ се може.
Благодарност до сите кои ја препознавте нашата мисија и ни се придруживте, за да ни го олесните патот … -напиша Сузана.
Трансформацијата кај Атиџе е очигледна откако ја запозна Сузана која и помогна многу како во реновирање на домот.
Но не само на Атиџе, Сузана помогна и на нејзиниот брат Феим да направи операција на очите и да си го врати видот.
По сè што направи Сузана, таа неодамна, таа се обрати и до цела Македонија и напиша дека и покрај тоа што Атиџе не претстави во Холивуд, Македонија не ја испочитува и не и возврати и не знае да ја вреднува.
– Благодарение на неа, светот слушна за Македонија … Не однесе во Холивуд и не претстави како никој досега … И покрај тоа што Македонија со ништо не ја испочитува и не и возврати за нејзиниот успех, таа не се откажа од неа … Сè уште многу ја сака и ѝ верува на оваа земја …
А сè што сакам јас е да бевме подобри во срцата, да не боледувавме од колективна амнезија, да знаевме да вреднуваме и да се радуваме наместо да игнорираме и мајтапиме, и да не чекаме постхумно да наградиме некого.
Тогаш е доцна за се …
Оздрави Македонијо моја … оздравувај побрзо, немаме време за губење-напиша Турунџиева на Инстаграм.