Атиџе нема да препознаете во ова издание – Медената хероина ги воодушеви сите

Повторно се врати на малите екрани а сега ја покани својата пријателка во емисија.
Познатата пејачка, водителка и писателка повторно се врати на малите екрани, па сега може да ја гледаме на утринската емисија на ТВ Алфа.
Сузана Турунџиева е долг период н јавната сцена, па покрај тоа што е водителка таа е и пејачка и писателка.
Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.

Овојпат Сузе објави дека во емисија и била гостинка медената хероина, односно Атиџе Муратова.

Облечена во убав фустан и средена фризура Атиџе едноставно блескаше, па може да се рече дека едноставно изгледаше непрепознатливо.

Под објавените фотографии се редеа само комплименти на сметка на изгледот на Атиџе, но и пријателството помеѓу двете дами.

Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева станаа пријателки уште од првиот моме т кога се запознаа, а Сузе призна дека добрината на Атиџе ја освоила за цел живот.

Нивната дружба продолжи и тие се речиси неразделни, па често Сузе споделува заеднички фотографии со Атиџе.

Она што е навистина евидентно гледајќи ги фотографиите на Сузана дека хероината од Медена земја го промени изгледот и имиџот, а за голем дел од ова е заслужна токму Сузе.







