Реклама
CelebrityИнтервју

Антониа Гиговска ексклузивно за Гламур: „Работам на мојот прв албум, на кој сум многу посветена“

Реклама

Девојчето со ангелски глас, која беше победник на македонското шоу за таленти во чест на нашиот Тоше Проески, „Тајно Моја“, сега веќе израсна во вистинска дама. Антониа Гиговска или позната и како македонската пинк ѕвездичка од неодамна јавно ја објави и својата љубовна врска со пејачот од групата „Либеро Бенд“, а за Гламур.мк открива дека наскоро ќе го слушнеме и нејзиниот прв албум.

Како и кога се роди љубовта кон музиката?

Маркетинг

Уште кога сум се родила постоела во мене. Сигурна сум во тоа. Во градинка сум ја открила, но не сум продолжила затоа што сум се срамела премногу, а потоа на 11 години брат ми беше иницијатор.

Од кого ја имаш најголемата поддршка?

Маркетинг

Најголемата поддршка ја имам од моите најблиски.

Како реагираат твоите врсници на твојата слава?

Не знам навистина како реагираат. Се надевам дека ги слушаат моите песни, ме поддржуваат во тоа што го работам.

Со кој од светските ѕвезди сакаш да имаш дует? Кој е твојот идол?

Со Shawn Mendes дует, а идол ми беше само Тоше и никој друг.

 

Што следно може да очекува публиката од Антонија?

Работам на мојот прв албум и сум многу посветена на тоа.

Размислуваш ли за друга професија со која би се занимавала, освен пеењето?

Не размислувам за ништо друго, со оглед на тоа што студирам педагогија, работата со деца ја обожавам, обожавам да сум во друштво на дечиња, па можеби тоа ќе биде мојата следна професија, но нели ако некогаш ме напушти музиката од икс причини.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button