CelebrityНовости

Андријана Алачки со емотивна порака до нејзиниот Горан – многу афepи пребродивме заедно!

Advertisement

Адријана Алачки која некогаш важеше за една од најактрактивните пејачки на нашата естрада, сега Андријана ја остави музиката и се посвети на своето кулинарско шоу „Вкусот на традицијата“ која постои долги години.

Advertisement

Андријана Алачки преку социјалните мрежи напиша роденденска честитка до нејзиниот пријател Горан.

Во продолжение прочитајте ја емотивната објава:

Advertisement

„Драг Горан, токму на овој ден кој е посебен, твојот роденден добив инспирација да напишам нешто што ми извира од душата а можеби малкумина го знаат за тебе.

Те познавам долги години и затоа го имам ова право да кажам дека си голем човек. Никогаш и никаде не ја покажуваше твојата големина, беше поскромен и од најскромниот, беше поголем работник и од најголемиот работник во Етно село.

На сите им подаде рака кога најповеќе им беше потребна, без да чекаш возврат, се соживуваше со сите проблеми на твоите вработени, повеќе им беше брат отколку ,,газда” , некои знаеа да го почитуваат тоа, а некои не, знаеше се и им даваше втора ,,шанса” велејќи секој има право на грешка…

Ги отвораше портите на твоето срце на сите околу тебе, свесно и неважно дали добиваш или губиш, така растеше Етно село, со народот и за народот….

Понекогаш ќе згрмеше, но за неколку секунди повеќе тебе те болеше од другиот, ти сервираа лажни вести да напакостат но не им успеваше, дека ти веруваше во луѓето околу тебе.

Мене години ми беше брат, мајка, татко, другар до коска, заедно делевме убавини, успеси, проблеми, кога ќе ме видеше тажна само ќе прашаше,, што е работата” и ,, не се грижи, ќе ја решиме” ми беше столб за многу животни работи, и без договори и преговори се се одвиваше совршено, со поглед се разбиравме.

И до ден денешен..и сите афери на злите усти што ги зворуваа за нас, ги поминавме , многу невистини, но ако се наведнувавме по секое каменче што не спрепнуваше не ќе стигневме до целта, велат на поле врата не се затвора….и татко за пример, грижлив, посветен и одговорен…кон своите деца..

Сакам и знам дека се ќе биде и понатаму исто, остани ми другар, брат за секогаш како и досега и биди здрав, жив, среќен , секој ден нека ти биде празник , полни ги со убава содржина, за да го дочекаш следниот задоволен дека нешто направи за себе.

Среќен роденден и ова е првиот што нема да ти отпеaм ,,Happy birthday” заедно со колегите и да наздравиме, но без разлика ти ги знаеш сите наши желби за тебе…

Инаку Андријана Алачки долги години беше во брак со Горан Алачки, кој тој е во љубовна врска со познатата водителка Марина Дојчиновска.

 

 

Андријана Алачки слободното време го поминува во друштво на нејзината ќерка и нејзината внука, често знае да сподели некоја фотографија од нејзините убавици.

Погледнете:

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button