Адријана Алачки го промени имиџот и ги изненади сите – нејзините обожаватели се воодушевени, не сте ја виделе во вакво издание
Иако долги години е на македонската јавна сцена, се чини дека воопшто не се менува.
Пејачката и водителка Адријана Алачки долги години успешно ја води кулинарската емисија „Вкусот на традиција“ која со сигурност може да се каже дека е една од најпопуларните и најгледаните, а и единствена од тој тип во земјава.
Таа од неодамна започна нов проект заедно со својата колешка Ирена Спировска и Благоја Груевски.
Постарата генерација ја памети Алачки како дел од триото кое жареше и палеше во периодот на 90-те години од минатиот век.
Песните „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов беа неверојатно големи хитови, а Адријана, Ирена и Горан уживаа голема популарност.
Тројцата ја водат емисијата „Везилка“, а од неодамна Андријана промовира и ресторани во Скопје кои се познати по вкусната храна, па така овојпат беше во еден скопски ресторан кој ја пречека со богата трпеза.
На масата имаше секакви јадења, но она што најмногу паѓа во очи беше изгледот на Андријана и нејзината фризура во стил на Џенифер Лопез.
Мора да признаеме дека оваа фризура одлично и стои на Андријана и ја подмладува.
Фризурата која Џенифер Лопез ја имаше за снимање на спотот со Малума стана вистински хит во светот, а ја испробаа и многу македонски дами, а во прилог погледнете за кого се работи и на која најубаво и стои: