Ана има две деца кои ги доби со својот полубрат. „Ние не повредуваме никако, но очајно сакаме да се венчаме!“
„Нашиот прв бакнеж ги скрши сите бариери“
Жена која добила две деца со својот полубрат се бори за правото да може да се венча со него.
Ана Пара од Барселона, Шпанија била напуштена од својот татко кога била мала.
Додека растела не била свесна дека има полубрат, кој го запознала кога имала 20 години.
Фото: Фејсбук
Таа објасни: „Мајка ми ми кажа дека татко ми не напуштил за да основа друго семејство и дека имал уште едно дете“.
Љубопитноста да дознае нешто повеќе за своето семејство ја натерало Ана да го додаде Даниел за пријател на Фејбук.
Фото: Фејсбук
Иако мајката на две деца не откри кога се сретнале за прв пат, Ана вели дека имало искри меѓу неа и Даниел уште на првата редба.
Таа рече: „Не сакавме да го прифатиме тоа, бевме лути на самите себе затоа што беше тешко да се признае и да се скрши тоа табу: ние сме брат и сестра иако не се чувствувавме така“.
Фото: Фејсбук
Опишувајќи ја нивната прва романтична интеракција, мајката на ве деца рече: „Се забавувавме, полека се приближувавме еден кон друг и си го дадовме првиот бакнеж“.
Сепак, парот се обидел да се преправа како ништо да не се случило на почетокот – но не можеле да се спротистават на хемијата меѓу нив.
Потсетувајќи се на минатото, Даниел рече: „Тој бакнеж ги скрши сите бариери, означи пред и потоа, беше како проверка на реалноста“.
Фото: Фејсбук
И покрај нивните големи напори да се држат подалеку еден од друг, парот се сретна повторно неколку дена подоцна – и оттогаш се неразделни.
„Замислете дека ви се допаѓа девојка и, од морална причина, ви е забрането да бидете со неа“. рече Даниел. „Навистина е тешко да се справите со тоа“.
Кога биле на одмор во Лондон пред неколку години парот почувствувал смелос да се однесува како двојка во јавност, па одлучиле да стават крај на криењето.
Фото: Фејсбук
„Тоа беше првпат во јавност да е однесуваме како пар“, рече Ана. „Излеговме на вечера, се шетавме. Тоа беше како експлозија на слободата“.
Парот наиде на многу критики на социјалните мрежи, но како што велат не дозволиле негативните коментари да влијаат на нивната врска.
Тие сега се борат да добијат право легално да се венчаат и И покрај фактот дека консензуалниот инцест меѓу возрасните е легален во нивната земја, шпанскиот Граѓански законик забранува брак меѓу директни роднини.
Ана рече: „Општествата мора да напредуваат и да не се држат до традиционализмот. На хомосексуалците исто така не им беше дозволено да се венчаат и сега можат.
„Ние се сакаме и тоа е она што треба да е важно. Ние не повредуваме никого. Затоа сакаме луѓето да ја знаат нашата приказна“.