Анастасија прв пат прозборе за апсењето на Цеца – со кнедла во грло кажа дека ја лажеле дека мајка и е во Америка – еве што уште открива таа

За прв пат во животот раскажа за семејната драма.
Анастасија Ражњатовиќ никогаш порано не зборувала за тоа како се чуствувала по повод апсењето на нејзината мајка, по акцијата во Србија по уб иството на Зоран Џинџиќ.
Во вчерашната емисија во „Сценирање“ раскажала дека тогаш имала само пет години, а таа и нејзиниот постар брат Вељко не ни знаеле што се случува.
– Кога мама ги имаше оние проблеми многу тешко ги поднесе, бидејќи јас сум многу врзана за мама. Моментот кога мама ја однесоа…. имав тогаш само пет години бев многу мала.
Вељко и јас не ни знаевме што се случува, не ни кажуваа на нас. Се сеќавам само на една сцена на мојот петти роденден, бевме кај баба ми и дедо ми, а на нас ни кажаа дека е во Америка на службен пар.
Ја побарав и она плачеше толку силно преку телефон. Ја прашав: „Зошто плачеш, треба да бидеш среќна, роденден ми“, а таа од таму ми вика „Не плачам, не плачам“ и јас и кажав:
„ Па добро мамо, ако ти си во Америка, зошто тетка ми не може да дојде? Зошто двете ме оставивте?“ И ми рече:
„Па не можеме двете сме заедно таму, имаме работа, не можеме да се вратиме, тука се баба и дедо“. Ние не знаевме сигурно две години што точно се случувало, открива Анасатасија.
– Немавме ни свест да разбереме тоа што на нас ни зборуваа, ниту на дете од пет години може тоа да му се објасни, се присети ќерката на Цеца и Аркан.
По овој потресен разговор, новинарката ја праша и за естетските интервенции, еве што изјави Анастасија која докажа дека стои позади сето она што го прави.
Оние кои се против пластични операции таа им порача да не гледаат ако не им е убаво.
– Единствено што можам да кажам дека сум опер ирана. Прво, доста се менувам, имав многу варирање во килажата. велат дека сум била цела изботоксирана, а не знаат ни што е ботокс.
Па потоа дека јаболчниците сум ги правела… нема везе со животот. Кружи моја фотографија на Интернет на која сум имала 13 години и имам скоро 80 килограми, нашминкана сум мор ничаво и за тоа велат дека сум била оперирана.
На таа слика имав голем нос, но признавам, не бев задоволна од носот и го оперирав, но само еднаш. Поради него бев несигурна, искрено прозборе Анастасија.
На прашањето дали мисли дека е убава, изјави дека е задоволна од својот изглед, а сака само да се задржи на оваа естетска корекција или пак во иднина може да стави силикони.
Извор: Курир.рс