Хороскоп

Алфа жена, амбициозна: Таа во секоја жаба гледа принц – жена Јарец

Advertisement

Како типична претставничка на земјените знаци, стои цврсто на земја и не е склона на фантазирање, туку живее во реалноста и го граби она што може.

За амбициозноста не зборуваме, бидејќи ја има во огромни количини, но знае да скршне од патот при изборот на партнер. Дури и да одбере партнер без „потенцијал“, ќе се труди да направи нешто повеќе од него.

Advertisement

Зборуваме за жената родена во знакот на Јарец.

Ако жената Јарец реши да излезе со вас на состанок, очекува дека вие ќе бидете тој кој по неколку месеци ќе клекне пред неа.

Ако заклучи дека сте партнер за неа, бидете сигурни дека нејзината љубов ќе биде постојана и топла.

Advertisement

Таа во секоја жаба гледа принц. Единствено нешто што бара од партнерот е да покаже карактер и лојалност, а таа ќе го истера останатото.

Љубовта за неа е сериозна работа и ако некој ѝ се допаѓа, нема да чека судбината да го одработи своето, туку ќе се потпре на своите заведувачки способности и ќе ги преземе работите во свои раце додека не го добие посакуваниот резултат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button