Реклама
Наши ѕвезди

Алачки го пропатува цел свет, а дури сега ја откри својата голема тајна: „Нема човек кој не се плаши“

Реклама

Македонската пејачка и водителка Адријана Алачки стекна огромна популарност со својата емисија за готвење „Вкусот на традицијата“.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Не постои домаќинка која ги пропушта нејзините емисии. Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење, па жените може да научат различни традиционални рецепти подготвени од домаќинките ширум земјава со асистенција од Адријана.

На вкусните јадења кои се подготвуваат во емисија никој не може да остане рамнодушен.

Маркетинг
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Она што малкумина го знаат за Адријана е дека таа по професија е стоматолог.

Растела во семејство во кое готвењето и семејните ручеци биле ритуал, па најверојатно сето тоа имало влијание Адријана да стане ова што е денес.

Маркетинг

Иако секојдневно е опкружена и подготвув различни рецепти, а самото тоа бара и нивна дегустација, мора да се признае дека пејачката сѐ уште изгледа неверојатно добро. Не е лесно да се одолее на вкусна храна, но се чини дека на Алачки тоа добро ѝ оди.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Адријана се доби со популарност во периодот од 1987 година до 1994, кога ја започна својата музичка кариера.
Таа во тој период беше дел од триото составено од неа, Горан Алачки Ирена Спасовска.

Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.

Музичката кариера од пејачите бара многу жртви, отсуства од најважните моменти во нивниот живот, но и носи многу авантури и патувања во различни земји.

Адријана и како пејачка, но и сега како дел од кулинарската професија и вистинки амабасадор на македонската култура и традиција во сите земји што ги посетува.

Но, како и сите луѓе и таа има свои стравови. Нејзиниот најголем страв е стравот од летање со авион.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Таа во интервју за „Женски магазин“ кажа дека во 2019 година имала дури 39 лета вкупно целата година, но дека сепак не го надминала тој страв.

Смиреноста за време на летовите ја задржуа благодарение на јогата и медитацијата.

„Мислам дека нема човек којшто не се плаши од летање барем малку. А стравот од летање е мојот единствен страв. За мене велат дека сум најсмирениот човек на светот, а во тоа ми помагаат токму јогата и медитацијата.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Почнав да учам јога пред 26 години, од Лидија и од Стефан, во првата школа за јога во Македонија. Многумина кај нас не се запознаени и не се едуцирани, ја поврзуваат јогата со религија, со вера, со паганство. Убаво е кога вежбаш интегрална јога, тогаш го имаш тој благодет преку команда на телото да го контролираш и умот и го раздвижуваш и во најмалите делови. Со активирање на вежбите го воведуваш во склад целиот нервен систем, тука си има техники за дишење, за концентрација. Ова ми помогна и кога пеев на фестивали, на поголема сцена, како за еден млад пејач кој имал трема, корисно е за секој сценски работник“, изјави Адријана за Женски магазин.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Токму овие вежби ѝ помогнале на пејачката да остане смирена долги години иако јавната професија носи многу стрес. Вели дека само поради тоа не е во конфликт со никој и продолжува понатаму со животот и покрај сите препреки.
Но, нејзин најголем мотив и причина за живот се секако нејзините две деца, Грациела и Благоја, а и внуката Јана.
Благоја и Грациела ги доби од бракот со музичарот Горан Алачки.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

Грациела има 31 година и е магистер на економски науки, вработена во „ЦКБ банка“ а Благоја дипломираше на Правниот факултет. Благоја го наследи музичкиот талент од родителите и одлично свири на гитара.

Пејачката често знае да каже дека Благоја е дури подобар мајстор во кујната од неа и дека редовно ја изненадува со нови вкусови и рецепти.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

По повод неговиот роденден, гордата мајка напиша емотивна порака посветена на него, со која трогна многумина.
„Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам.Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација. Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе. Биди ми здрав и жив, напиша Алачки.

Со емотивна честитка, Адријана Алачки ѝ го честиташе 31. роденден на својата ќерка Грациела на Фејбук.
„На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано.

Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика..и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена..“, напиша Алачки за својата ќерка.

ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук
ФОТО: Адријана Алачки / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button