АКТЕРОТ ЈА ПОКАЖА НЕЖНАТА СТРАНА: Езел кој ја освои Македонија стана татко – ова е првата фотографија од неговата ќеркичка

Турскиот актер Кенан Имирзаоглу и неговата сопруга, инаку колешја Синем Кобал, конечно го дочекаа раѓањето на нивната ќеркичка.
Магазинот „Bird“ на својот Инстаграм профил објави кратка снимка од родителите во моментот кога ја напуштаат болницата.
Ќеркичката на најпознатиот турски акетр кој се прослави по улогата на Езел ќе се вика Лала.
Кенан пред четири дена дојде по сопругата во болница, а во семејниот дом Синем била дочекана со балони, торта на пет спрата и повеќе од 20 подароци за неа и за нејзината галеничка.
Инаку Синем и Кенан лудо се заљубиле во 2015 година на заедничкото снимање на серијата.
Љубовниот жар кој се родил меѓу нив бил толку силен што актерката дури ја прекинала врската со фудбалерот со кого била во врска, а година дена запловија во брачните води.
Неколку недели пред раѓањето на ќерката, Кенан ги полни насловните турски таблоиди и тоа поради наводната афера со маж.
Според некои наводи, актерот бремената сопруга ја изневерувал со 37-годишната колешка. Синем знаела во што се впушта, веќе со години се зборува за неговите изневерувања.
Сепак, таа го сака и верува дека тој ќе сфати дека таа е се што му треба на него. Верувала дека детето уште повеќе ќе ги зближи, рекол анонимен извор за турските медиуми.