Наши ѕвезди

Ако беше жив Зоран Џорлев ќе наполнеше 57 години – неговиот внук со емотивна порака

Внукот на виртуозот на виолина напиша емотивна честитка по повод роденденот на вујко му.

Advertisement

Доколку беше жив, Зоран Џорлев денеска ќе наполнеше 57 години.

На 01. јануари 2021 година Македонија ја потресе веста за cмpттa на маестро Зоран Џорлев.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук

Џорлев беше еден од најпознатите и најуспешните виолинисти на македонската јавна сцена, почитуван од сите свои колеги.

Роден е во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук

Џорлев пoчина на 1. јануари 2021 како последица од коронавирусот.

Се лекувал на Клиниката за инфeктивни и фeбpилни болести во Скопје и неговата состојба била стабилна, но oткако се откачил тромб тој ја изгубил битката со виpyсот. Зад себе ги остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин.

ФОТО: Фејсбук

Трагичната вест прва ја слушнала неговата сопруга, а потоа и целото семејство.

Џорлев остави длабока трага во македонската музика и засекогаш ќе живее во срцата на публиката.

ФОТО: Фејсбук

По повод неговиот роденден, на Фејсбук се огласи неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски.

Тој сподели нивна заедничка фотографија направена кога Огнен бил мал.

„Среќен роденден вујче мој… Мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ И ЗАСЕКОГАШ!!!

Фалиш најмногу…“, напиша Огнен.

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

ФОТО: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button