Реклама
Наши ѕвезди

Џими од „Молика“ наскоро оди во пензија? „Кога другарите бркаа женски, јас морав да одам на работа!“

Џими искрено зборуваше за својата кариера

Реклама

Предвреме ќе одам пензија, вели Џими Мицевски, фронтменот на групата „Молика“ кој веќе со децении е на сцената.

Како гостин во емисијата на јутуберот Мими од Битола, кој својата емисија ја снима во црвено Југо, познатиот музичар зборуваше отворено како за почетоците на својата музичка кариера, така и за неговите планови за во иднина.

Како што самиот вели во емисијата, со музика започнал да се занимава уште од својата рана младост, па така кога одел во кошула и панталони на работа, неговите пријатели излегувале и бркале девојки.

Маркетинг

Принтскрин/ јутјуб, Мими Марковски

„Кога другарите мои бркаа девојки, јас морав да носам бела кошула, црни панталони и да одам на работа“.

Маркетинг

Фејсбук/ Џими Мицевски

„Но затоа сега, предвреме ќе одам во пензија“, изјави Џими пред камерите додека се возеше заедно со Мими во Југото.

Џими потоа се потсети на почетоците со групата „Молика“ за која вели дека не е обична музичка група, туку институција.

Фејсбук/ Џими Мицевски

Тој најпрво заминал во војска во 1993 година, а потоа започнува да свири со екипата од „Молика“ која веќе била оформена како група.

Тие во 1996 година заминуваат во Америка, па дел од екипата решава да остане „преку барата“, а Анета доаѓа во 1998 година.

Фејсбук/ Џими Мицевски

Што се однесува до неговите планови за во блиска иднина, Џими открива дека има во план да патува околу светот.

Наскоро заминува во Белград, а од таму во Париз, па потоа од Чиле во Нов Зеланд и ред други држави.

Мала пауза од патувањето ќе направи во Сиднеј, каде веќе има договорено настапи со Молика и Сузана Гавазова, а потоа продолжуваат во Мелбурн каде исто така имаат неколку настапи.

Фејсбук/ Џими Мицевски

Како што самиот откри во интервјуто, по година-две планира да се пензионира и да продолжи со шетањето низ светот.

„Јас кога свирев, другите женски бркаа“, вели Џими, на што Мими додаде дека сега нему му е времето да ужива.

Целото интервју со Џими и Мими погледнете го во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button